Осум припадници на Исламска држава се уапсени во операција на специјалните сили на Анкара, јавува агенцијата Анадолија.
Уапсените се осомничени за подготовка на терористички напад за време на дочекот на Нова година.
Претходно турската полиција уапси 30 лица, осомничени за поврзаност од ИД во градот Адана.