Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во декември Заев и Борисов ќе видат што сработила заедничката комисија

0
By Нова ТВ on November 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во декември македонската и бугарската Влада ќе имаат седница во Бугарија, на која заедничката Kомисија ќе реферира за нејзините активности, информираше денеска на собраниска седница премиерот Зоран Заев. Премиерот потврди дека членовите на комисијата разговараат и за промена во учебниците, но не прецизираше за кои учебници станува збор, посочувајќи дека тоа се прави во духот на пријателството и оти штом ќе има резултати, Парламентот и јавноста ќе бидат информирани.

Пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница постави прашање кои учебници ќе се менуваат повикувајќи се на информација објавена во медиумите.

– Точно е дел од комисиите разговараат и за дел од учебниците, но веднаш штом ќе има нешто што биде договорено пред институциите на системот тоа ќе се сподели и ќе се соопшти во јавноста. Се зборува за одредени работи што стојат во учебниците… бугарски фашистички куршум… што не се во духот на пријателството. Би сакал да испратам сериозна порака дека она што ќе се случува со промена на учебниците во Македонија и во Бугарија, или, и во Македонија и во Грција, ќе биде во духот на градење на идно и трајно пријателство. Нема да биде во духот на нешто што дефинитивно ќе биде незгодно, чуствително или слично. Оттука некоректно е да се бара кои се тие 30 учебници, дали се предвидени средства за овие работи, кои се промените и слично, рече премиерот.

Заев очекува, според информација од Министерството за надворешни работи, на следната заедничка владина седница меѓу Македонија и Бугарија членовите на заедничката Комисија да реферираат пред двете влади за тоа до каде се стигнати, колкав напредок е направен и кои се нивните очекувања.

-Како ќе реферерираат пред Владата, така ќе споделиме со Парламентот и со нашата јавност, рече Заев.

Зборувајќи, како што рече, за нашиот сосед Ласовска посочи дека европска вредност е да си ја признаете грешката, а да не барате од соседите да се извинуваат за нешто што не направиле. Пратеничката рече дека сите ние досега сме учеле дека Бугарите биле окупатори.

– Во Прилеп има Музеј, се ќе урнеме, ќе менуваме…Нешто што е неспорен факт. Јас прашав кои се тие учебници, а вие се врзавте за историјата, рече пратеничката на опозицијата и праша кои се останатите учебници во тие 30 што ќе се менуваат.

Премиерот реплицираше дека се прави се што е можно да се избегне непријатност и предизвикување иредентизам.

– Кога ние ќе кажеме да комисијата постигна договор и во договорот тоа значи токму тоа и ќе соопштиме, сето друго е проструена вест. Ви кажувам дека можеби е податок дека разговараат и за учебници, да јас знам дека треба да разговаат за учебници, кои во моментов на двете страни може да предизвикаат иредентизам односно непријатност. Сакаме да го отстраниме тоа колку што е возможно во духот на тоа пријателство и не е се исто дали ќе пишува бугарски фашистички куршум или ќе пишува фашистички куршум ако градиме пријателство. Историјата е таа и не ја менуваме, рече Заев.

Бугарија Влада Заев заедничка комисија заедничка седница Македонија учебници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.