Вкупно 6.984 граѓани, чии записи во избирачкиот список, по спроведени вкрстени и теренски проверки, се спорни, до денеска напладне се пријавиле во Државната изборни комисија (ДИК), соопштија од таму.
Од нив, 3.015 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии, како и во дополнителните канцеларии на ДИК, додека 3.969 за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет-страницата на Државната изборна комисија.
Најмногу граѓани со спорни записи во избирачкиот список се пријавиле во општините Чаир, Тетово, Сарај и Куманово.
Од ДИК потсетуваат дека рокот за пријавување истекува на 19 август.
Канцелариите на ДИК утre ќе работат до 19:00 часот, додека електронската апликација ќе биде отворена до 24:00 часот.