Во Европа делуваат околу 5.000 о криминални групи, а повеќе од третина се занимаваат со криумчарење на дрога, објави Европол во најновиот извештај.
Криминалните групи освен со шверц на дрога, заработуваат и со фалсификување на пари, криумчарење на мигранти, оружје или сајбер криминал.
Во претходниот извештај во 2013 година, Европол објави дека има 3600 меѓународни криминални групи во Европската Унија, но четири години подоцна нивниот број се зголемил.
Директорот на Европол, Роб Веинрајт, објаснува дека до зголемување дошло поради „подобри разузнавачки информации“, па се појавиле повеќе помали групи кои делуваат со посредство на интернет.
„Промените како што е појавата на интернет трговијата со незаконска роба и услуги, ќе резултира со значајни промени на пазарите на криминалот, а истражните органи ќе имаат нови предизвици“, пишува во извештајот.
Според податоците на европската полиција, само од шверц на дрога криминалните групи годишно кешираат по 24 милијарди евра.