Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Грција може да патуваат и оние кои пред девет месеци прележале ковид 19, се чека на QR кодот

0
By НОВА ТВ Balaban on June 4, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Граѓани од РС Македонија кои сѐ  уште не примиле вакцина против ковид 19, а сакаат да патуваат во соседна Грција тоа ќе може да го сторат и без потврда за имунизација или PCR-тест, но на потврдата дека ја  прележале болеста и тоа најмалку пред два до најмногу девет месеци, треба да биде впишан и QR кодот, а  оваа апликација во моментов забрзано се изготвува. Во меѓувреме од сертифицирани лаборатории може да се добие оваа потврда.
Од матичните лекари граѓаните сега можат да го добијат само сертификатот за вакцинација, на кој е впишан овој код, додека за потврдата за прележан ковид 19 се чека на QR кодот.  Надлежните велат дека за дигитален ковид пасош кај нас во Македонија сѐ уште се усогласуваат административните детали.
Според изјавите на министерот за здравство, Венко Филипче, засега вакцинираните граѓани имаат пристап  до ваков документ.
– Ова е сертификат кој потврдува дека лицето е вакцинирано и овој документ е валиден за патување во странство. Тоа е така затоа што е важен оној QR код кој го има на него, но тоа сѐ треба да биде дигитализирано и срочено во една апликација и во моментов се работи на тоа, рече вчера министерот за здравство.
Ковид пасошот ќе содржи податоци за вакцинација на граѓанинот, за PCR – тестовите и за нивото на IgG или IgM антитела.
Седум земји-членки на Европска Унија од 1 јуни веќе воведоа систем на сертификат за ковид-19 за патувања, а во цела ЕУ ќе стапат во сила од наредниот месец. Европската комисија соопшти дека ковид пасош воведуваат Грција, Бугарија, Германија, Данска, Полска, Хрватска и Чешка. Сертификатите ќе бидат достапни за луѓето кои примиле две дози вакцина, имаат  негативен тест или прележале ковид-19.
За QR код (кратенка од Quick Response code) којшто се користи од 1994 година, матичните лекари велат дека чекаат од надлежните и овој код да биде вметнат на потврдите коишто им ги издаваат на пациентите.

–  Ние сега им издаваме сертификати на оние граѓани коишто се вакцинирани против ковид 19 и овој документ го содржи тој QR код, додека на други потврди – дека биле позитивни на ковид 19 и ја прележале болеста, го нема тој код. На граѓаните им преостанува да ја побараат таа потврда од сертифицирани лаборатории додека ова не се реши. Министерот Филипче најави дека и на овие документи треба да го има QR кодот и ние чекаме. Дали тоа ќе биде решено со измена на софтверот или на поинаков начин, не знаеме, битно е да го има и тој код. Во меѓувреме, оние граѓани кои се уште не добиле термин за вакцина, нам ни се лутат и дури и се одјавуваат како наши пациенти бидејќи уште не ги повикале на вакцинација – вели д-р Лили Чолакова Дервишова, претседателка на Здружението на матични лекари.

Освен неопходните документи за примени вакцини, негативен резултат од ПЦР тестот, прележан ковид 19,  граѓаните кои патуваат во Грција да не заборават дека претходно, најмалку 24 часа пред датумот на влез,  треба да пополнат формулар ПЛФ (на веб-страна travel.gov.gr). 

Ова важи за сите патници кои влегуваат во таа земја, независно од нивното државјанство.

Овие услови за влез во Грција важат до 7 јуни, а каков ќе биде режимот потоа ќе соопшти Владата на оваа земја.

Инаку, како што пред два дена најавија надлежните, дигиталниот ковид пасош којшто и македонските граѓани ќе може да го користат, ќе функционира како апликација која се симнува на мобилен телефон, а кодовите од вакциналните и PCR потврдите, кои наликуваат на код од фискална, ќе може да се скенираат по принципот на апликацијата „МОЈ ДДВ“.

Иако оваа апликацијата може да се симне од смарт телефон, сепак истата не е целосно функционална и бара шестцифрен код од авио билет или од акредитирана лабораторија. Она што се забележува на веб страницата е дека нема наведено ниту една партнерска лабораторија.

Но ќе важат и потврдите во хартиена форма. Секоја земја сама решава за тоа што ќе прифати како доказ.  ЕУ ги прифаќа сите вакцини што се одобрени од Европската медицинска агенција, а засега тоа се „Фајзер“, „АстраЗенека“, „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“.

Љубица Балабан
QR код Вакцина Грција матични лекари патуваат прележале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.