Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Грција се прават подготовки за нов протест ако се постигне решение

0
By Нова ТВ on March 5, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Протест пред грчкиот Парламент и 48-часовен генерален штрајк планираат да одржат организаторите на протестите за „одбрана на името Македонија“ во Грција, во случај евентуалниот договор да биде доставен за пратениците да дадат зелено светло, пренесува МИА.

Еден од организаторите, Отон Јаковидис, за грчката телевизија Скај ги открил плановите во случај, како што вели, „Владата да не ја послуша пораката што ја доби од двата протеста и не ги земе во предвид истражувањата на јавното мислење“.

„Ако прашањето стигне во Парламентот, а претходно не се распише референдум, ние бараме референдум за да не стигне до Парламентот, но ако стигне во Парламентот, истиот ден ќе објавиме 48 часовен генерален штрајк, што во продолжение ќе стане континуиран, ако не се исполнат нашите барања, односно барањата на народот. Во исто време ќе го повикаме грчкиот народ да излезе на Синтагма, да го опколи Парламентот за да ги заштитиме и демократијата и Македонија“, изјавил за Јаковидис од движењето „Термаикос ора миден“.

Организациите од грчката дијаспора за 18 март најавија протест пред седиштето на ОН во Њујорк, додека пак вчера во грчкиот град Поликастро се одржа собир за Македонија.

Насобраните граѓани од центарот на градот, извикувајќи „Македонија е грчка“; „Александар живееш, ти нѐ водиш“; „Народот не заборава, ги беси предавниците“, се обидоа да стигнат до границата со Македонија, меѓутоа беа спречени од полицијата. По малите инциденти, откако дел од демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот блок, граѓаните не успеаја да дојдат до нивната крајна цел, граничниот премин, па се вратија назад.

Грција името Македонија протести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.