Министерот Буди рече дека во Индонезија биле откриени 15 случаи откако неодамна е покрената истрага за болеста. Тој уште додал дека властите не утврдиле што ја предизвикува оваа болест.

Индонезија идентификува 15 случаи на тежок хепатит од непознато потекло по што се пријавени три смртни  случаи меѓу децата, изјавил министерот за здравје Буди Гунади Садикин на денешниот брифинг за новинарите. 

Светската здравствена организација соопшти минатата недела дека примила извештаи најмалку за 228 случаи на детски хепатитис или воспаление на црниот дроб во 20 земји , пренесува Ројтерс.