Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во јавниот сектор 19,3% се Албанци:Ќе има ли нови рамковни вработувања

0
By Нова ТВ on April 16, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 16, 2018 13:36

Според  образованието, 68% од 1 688 те луѓе вработени по “Рамковен договор“ се со висока стручна подготовка а 32% се со средно образование. Според податоците на “Порталб“, на листата вработени кои со години седеле дома а земале плата од Буџетот има дипломирани правници и економисти, професори, детективи, психолози, еколози, режисери, социјални работници, пишува неделната економска анализа на “Порталб“ . Операцијата за “активирање“ на овие веќе вработени во јавниот сектор започна. Дел од институциите по моделот на “трансфер“ ги прифаќаат “ново“ вработените.

Ќе се внимава на правична застапеност при новите јавни огласи за вработување…

Дел од институциите веќе ги преземаат административците кои беа вработени по Рамковен договор. Од Владата објаснуваат дека во првата фаза се опафени 958 луѓе а 90% од нив веќе ја прифатиле ново понудената работа задача. Нема да има корекција на платите што досега ги земале – вели за “Порталб“ владиниот портпарол Мухамет Хоџа.

“Коефициентот на плата е веќе определен со ситематизацијата во институциите. Ова значи дека платите остануваат исти како и досега, бидејќи вработените се трансферираат согласно постоечкото звање, односно во согласност со хоризонталната систематизација.  Доколку институцијата има потреба од ново работно место, односно сака преземениот административенц да го вработи на друго место за повисока плата, ќе мора да биде објавен Јавен оглас, да се бара согласност од Министерството за финансии,  воопшто ќе мора  да се постапи како и за секое друго ново вработување“ – вели Хоџа.

Според планираната динамика, во првата фаза на работа се враќаат 958 луѓе а во втората фаза 730 или вкупно 1688 лица треба да бидат прераспределни во јавната администрација  и во целиот јавниот сектор. Досега околу 10% од првата група сеуште не ја прифателие понудата за прераспределба, но се очекува дека на крајот од целата операција ќе се реши статусот на сите вработени, односно сите да ги потпишат понудените договори.

“Генерално, бараме кадри за реорганизација внатре во администрацијата, кои ги исполнуваат условите за заземање на некоја од раководните позиции, за веднаш тоа да биде направено. Некаде нема да биде прифатливо тоа што им се нуди и тогаш се применуваат законските одредби со кои овие луѓе се ставаат на трансфер-листа. Тоа не значи дека се отпуштаат од работа, туку се ставаат на располагање за други институции. Ќе се добиваат понуди како што добиваат понуди и останатите на трансфер листата во јавната администрација“ – изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Според податоците за степенот на образование, 1 147 од вработените по рамковен договор се со висока стрчна спрема а 541 се со средно обраование. Најголем број од нив или 281 се дипломирани правници, 160 се техничари со средно образование, 157 се професори по јазик, 125 се дипломирани економисти,  90 се дипломирани по бизнис администрација. На листата се и други професии: 7 менаџери по царина и шпедиција, 12 теолози, 16 криминолози, 15 професори по физичка култура, 4 режисери, но има и еколози, дизајнери и еден дефектолог.

Со завршување на оваа операција на реактивирање на вработените по рамковен договор, не завршуваат и вработувањата по “етнички“ клуч. Од Владата велат дека натамошните вработувања мора да бидат во согласност со законската регулатива преку почитување на правото на правична застапеност.

“Во моментов има институции во кои се уште не се постигнати предвидените проценти на правична застапеност, но има институции каде тие проценти се надминати. Важно е да се знае дека при објавување на огласи за вработување ќе мора да се постапува во согласност со законската регулатива и со примена на “балансерот“ кој покажува во кои институции каков е распоредот на силите според етничка припадност“ – велат од Влада.

Додека се подготвува втората фаза на решавање на статустот на  останатите 730 вработени по рамковен, засега според бројот на преземени вработени по рамковен договор предничат финансиските институции. судовите, царината и полицијата. Така, Министерството за внатрешни работи презема 50 вработени, Царинската управа 30 а Министерството за правда – Управа за водење на матичните книги презема 26. Во Министерството за надворешни работи одат 19, во Министерството за образование 52 вработени, дел од нив во Бирото за развој на образованието а дел во Државниот просветен инспекторат. Јавното обвинителство презема 26 луѓе вработени по рамковен договор а транфери ќе има и во основните судови во Скопје, Гостивар, Тетово, Дебар и Куманово. Вработени ќе преземат и Фондовите за здравствено и за пензиско осигурување како и поголем број на државни агенции: Агенција за администрација, Агенција за вработување, АЕК, Агенција за катастар, Агенција за енергетика и други. Управата за јавни приходи ќе преземе 39 вработени по рамковен, а транфери има и во здравството, културата и социјалата

Според најновите податоци од документот “Годишен извештај од Регистерот на вработените во јавниот сектор“, на крајот од ланската година, во институциите на јавниот сектор имало  нешто повеќе од 109 000 вработени.

“Од 109,304 вработени, 82,374, односно 75.36% се Македонци, 21,112, односно 19.31% се Албанци, 2,012, односно 1.84% се Турци, 994, односно 0.91% се Срби, 1,245, односно 1.14% се Роми, 429, односно 0.39% се Бошњаци, 408, односно 0.37% се Власи, а 730, односно 0.67% се други или не се изјасниле.  За споредба во Извештајот од Регистарот на вработени за 2016 година состојбата била следна: 82,900, односно 75.15% биле Македонци, 21,279, односно 19.29% биле Албанци, 1,781, односно 1.61% биле Турци, 1,272, односно 1.15% биле Срби, 1,216, односно 1.10% биле Роми, 479, односно 0.43% биле Бошњаци, 478, односно 0.43% биле Власи, а 907, односно 0.82% биле други или не се изјасниле“ – се наведува во новообјавениот извештај на МИОА.

Иако платите на 1 688 те вработени по рамковен договор се дел од вкупната сума на плати што е планирана во Буџетот, а во отсуство на официјални податоци, се смета дека годишно за овие вработени кои седеле дома а земале плата, се трошеле и до 10 милиони евра. Првите решенија по “рамковен“ беа доделени во 2009 та година.

анализа Вработува јавна администрација Рамковен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 18, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

ВЕСТИ June 18, 2026

Доналд Трамп потпиша договор од 14 точки со Иран, тврдејќи дека тоа донело „голема победа“…

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.