НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во кафуле и во ресторан во Грција само за прележани или вакцинирани за Ковид 19

0
By Biljana on July 16, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Внатрешните делови на кафулињата, рестораните, ноќните клубови, како и кината и театрите во Грција, од денеска почнуваат со работа, но само за вакцинирани гости или за лица кои прележале Ковид-19, а сертификатите ќе се проверуваат преку специјалната апликација „Ковид фри“, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката на грчката Влада стапува денеска во сила, ќе важи до 31 август, а се однесува исклучиво на затворените делови и на конкретните објекти, во кои дозволено е само седење.

Внатрешните делови на местата за забава, ноќните клубови, рестораните, кината, театрите ќе работат со 85 отсто од капацитетот, а за надворешните простори постои можност сопствениците да одберат дали ќе бидат „Covid free“ или мешани, односно и за вакцинирани и за невакцинирани, додека пак стоењето ќе биде забрането и на отворено и на затворено.

„Оваа година летото, ќе биде лето на седнати, знам дека ова за многу изгледа апсурдно и тешко, но вирусот и пандемијата не ни оставаат простор да си играме со ова прашање“, истакна во вторникот министерот за развој и инвестиции на Грција Адонис Георгиадис и објасни дека поголемиот дел од позитивните случаи на Ковид-19 од изминатиот период се од забави и танцувања во ноќните клубови и кафулињата.

Иако првично, пред две седмици беше најавено дека внатрешните делови ќе бидат по избор на сопствениците или „мешани“ или „чисти“, сепак Георгиадис објасни дека тогаш бројот на новозаразени беше околу 500, со надолен тренд, за разлика од сега кога бројот на нови случаи континуирано се зголемува, па затоа било одлучено, на затворено да биде дозволен влез само за вакцинирани.

Веќе се објавени и достапни и специјалните знаци што ќе покажуваат дека станува збор за „Covid free“ простори, а дополнително во приватниот и јавен сектор доколку персоналот е целосно вакциниран, постои дополнителен знак што може да биде поставен.

За прекршување на конкретните мерки предвидени се и строги парични казни и привремено затворање на локалите.

При првото прекршување, доколку објектот е до 200 метри квадратни, казната е 2.000 евра, а над 200 метри квадратни, 5.000 евра и седум дена затворање.

При регистриран втор прекршок, без разлика на големината на објекрот, паричната казна е 10.000 евра и затворање на 15 дена, а при трето прекршување на мерките привремено се одзема дозволата за работа на 60 дена.

Клучна за спроведување на мерките е специјалната апликација „Covid free GR“, која е бесплатна и преку која ќе се врши верификација на сертификатите.

При скенирањето на специјалниот код ќе се појавува зелен знак за сертификатите за вакцинација и прележан Ковид-19, жолт во случај на негативен рапид или ПЦР тест и црвен знак што значи грешка или невалиден сертификат.

За вакцинираните, потребно е да се поминати 14 дена од вакцинацијата, за оние кои прележале, тоа да биде во период до шест месеци од првиот негативен тест, за ПЦР тестот да биде во последните 72 часа, а рапид тестот во последните 48 часа.

Посебни правила ќе важат и за спортските натпревари, без разлика дали се одржуваат на стадиони или во затворени спортски сали. Влезот ќе биде дозволен само со сертификат за вакцинација или прележан Ковид-19.

Ќе работат со 80 отсто од капацитетот, од кои пет проценти може да бидат деца, кои претходно ќе имаат негативен селф тест, а максимален дозволен број на гледачи е 25.000 за стадионите и 8.000 за затворените сали.

Грција Ковид-19 рестрикции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.