Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Љубљана денес свеченост по повод 60 години од отворањето на првиот лекторат по македонски јазик во светот

0
By Соња Крамарска on May 5, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 5, 2022 10:03

Денес, на Денот на македонскиот јазик, со свечен, виртуелен настан ќе се одбележат 60 години од отпочнувањето на изучувањето на македонскиот јазик, литература и култура на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана. Во академската 1961/1962 година, во Љубљана беше отворен првиот лекторат по македонски јазик во светот, за набрзо потоа да прерасне во Катедра за македонски јазик и книжевност, којашто и денес успешно функционира во рамките на Одделот за славистика.

По тој повод, честитка до Филозофскиот факултет во Љубљана упати директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Весна Мојсова-Чепишевска.

„Сакам да се заблагодарам на Филозофскиот факултет во Љубљана што прв во југословенски образовен систем распиша конкурс за лектор по македонски јазик, уште во 1960 година. Тоа е неколку години пред да ја започне својата работа Семинарот за македонски јазик, кој од 1967 година континуирано се грижи за сите лекторати по македонски јазик на странските универзитети. Сакам  и да им се поклонам, и на Блаже Конески и на Харалампие Поленаковиќ, кои во тој период, едниот како шеф на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици, а другиот како шеф на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности до Деканатот на Филозофскиот факултет во Љубљана ја испраќаат својата стручна оценка за  кандидатот Блаже Ристовски. Поклон и за првиот лектор по македонски јазик – Блаже Ристовски кој ја започнува историјата на оваа македонистика во учебната 1961/62 година“, истакнува Мојсова-Чепишевска во честитката.

Филозофскиот факултет на Љубљанскиот универзитет постојано дава поддршка на македонистиката. Во одредени периоди имало опасност катедрата да биде затворена но во 1999 година на нејзино чело доаѓа Катерина Велјановска, која е таму до 2001 година а од 2002 година неа ја наследува Намита Субиото. „Благодарение на нејзината заложба се засилува и соработката со нашиот оддел при УКИМ, па така во тие нејзини 20 години на овој наш XXI век, на летните и двете зимски школи учествуваа над 50 студенти и професори од Филозофскиот факултет во Љубљана“, вели Мојсова-Чепишевска.

Во школите од Словенија се создаде една нова група преведувачи кои се истакнаа со своите преводи на македонската книжевност на словенечки јазик: Соња Должан, Соња Цекова-Стојаноска, Лара Миховиловиќ, Тимотеј Сенчар, Маја Ковач, Сашо Пуљаревиќ… Дел од нив имаа свој влог и во двата зборника „Конески на 11 јазици“, коишто беа објавени минатата година, по повод 100-годишнината од неговото раѓање.

„Се надевам дека оваа бројка од педесетмина, секоја наредна година ќе се зголемува и зголемува, а еве, најновите ги чекаме на престојната 55-та Летна школа. Се надевам дека ќе се зголемуваат и преводите на македонската литература на словенечки, нивните и на некои други, нови словенечки македонисти“, вели директорката.

Големиот јубилеј, 60-годишнината од постоењето на Катедрата за македонски јазик и книжевност на Одделот за славистика на Филозофскиот факултет при Универзитет во Љубљана, се одбележува со свечен, виртуелен настан токму денес, на Денот на македонскиот јазик.

На овој настан, предавање ќе одржи д-р Катерина Велјановска од Филолошкиот факултет„Блаже Конески“ при УКИМ, која од 1999 до 2001 години ја водеше љубљанската македонистика. Присутните во Љубљана ќе ги поздрават и деканката на Филозофскиот факултет, д-р Мојца Шламбергер Брезар, македонската амбасадорка во Словенија, Сузана Зелениковска и раководителката на Одделот за славистика, д-р Шпела Севшек Шрамел. На настанот ќе биде претставен и историјатот на македонистиката на Филозофскиот факултет во Љубљана, во форма на видео-колаж од изјави на студенти, професори и претставници на институциите со кои Катедрата за македонски јазик и книжевност на Љубљанскиот универзитет има активна соработка. (Р.Н.)

Ден на македонски јазик Словенија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.