Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Малме средба Пендаровски-Лофвен-С.Македонија и Шведска се посветени на динамизирање на политичките односи

0
By Mirjana on October 14, 2021 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Кралството Шведска, денеска во Малме оствари средба со премиерот на Кралството Шведска, Стефан Лофвен, којшто беше и домаќин на Меѓународниот форум “REMEMBER – REACT”, („Запомни – Реагирај“).

Двајцата соговорници на средбата разговараа за актуелниот контекст во однос на очекуваниот почеток на преговорите за членство на нашата земја во Европската Унија. Изразувајќи благодарност за континуираната и конзистентна поддршка од Шведска за нашата европска интеграција, претседателот Пендаровски ја истакна посветеноста на државата кон реформскиот процес, особено во сферата на владеењето на правото и го повтори ставот дека натамошното одложување на процесот на проширување ќе има долгорочни негативни последици за развојот и стабилноста на регионот. Во таа насока, претседателот Пендаровски изрази очекување за продолжување на шведската поддршка за нашиот евро интегративен пат.

Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија високо ја цени континуираната поддршка од Шведска за јакнење на капацитетите на македонските институции, особено во областа на демократијата, владеењето на правото и заштитата на животната средина.

Истовремено, претседателот Пендаровски изрази благодарност за поддршката што нашата држава ја добива преку програмите на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА) во повеќе области.

На средбата претседателот Пендаровски и премиерот Лофвен дискутираа и за билатералните односи меѓу двете држави и беше оценето дека Република Северна Македонија и Кралството Шведска се посветени на натамошно динамизирање на политичкиот дијалог.

Лофвен Пендаровски средба Шведска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.