Манчестер јунајтед го задржува Оле Гунар Солскјер до 2022 година. Долгорочниот договор за соработка доаѓа како награда за Норвежанецот за воскреснување на „црвените ѓаволи“ по нивно преземање од Жозе Мурињо, а познати се и финансиските детали за неговиот ангажман на „Олд Трафорд“. Според „Сан“, платата на 46 годишниот фудбалски стручњак ќе изнесува 8,7 милиони евра по сезона.
Со ова Солскјер се најде на третото место на листата на најплатени тренери на Премиерлигата. Пред него се Пеп Гвардола од Манчестер сити со плата од 17,5 милиони евра и Маурисио Покетино од Тотенхем кој заработува по 10 милиони евра. Зад Норвежанецот се Јирген Клоп (Ливерпул) со 8,2 милиони евра, Унаи Емери (Арсенал) со 7 милиони евра и Маурисио Сари (Челзи) со 6 милиони евра.
Солскјер го презема Манчестер јунајтед во декември во 2018 година по отказот на Жозе Мурињо кој заработуваше 17,5 милиони евра по сезона.