Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во НАТО никој не им верува на лагите од Москва

0
By Нова ТВ on March 16, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја обвини вчера Русија дека се обидува да го дестабилизира Западот oткако Велика Британија најави дека ги раскинува билатералниte контакти со Русија и најави дека 23 руски дипломати мораат да ја напуштат земјата.

Според Лондон, Русија е виновна за труењето на екс-разузнавачот, Сергеј Скрипал на британска територија со нервен агенс.

“Велика Британија може да смета на солидарност од НАТО, но се уште нема барања од Лондон за активирање заедничка одбранбена клаузула ниту какво било барање за помош во британската истрага”, рече првиот човек на Алијансата.

Тој оцени дека нападот врз Скрипал е дел од “несовесен модел на однесување на Русија што постои со години наназад”.

“Ние на тоа можеме да одговориме на многу различни начини”, изјави Столтенберг.  

Русија е непријателска држава и во НАТО никој не им верува на лагите на Москва, изјави советникот за национална безбедност на Велика Британија Марк Седвил откако се сретна со Столтенберг вчера во Брисел. И додаде дека Русија одамна се однесува криминално а НАТО сојузниците се подготвени да застанат заедно по руското нарушување на меѓународното право.

Да потсетиме на поддршката што на Велика Британија и ја дадоа најмоќните сојузници – САД, Германија и Франција цврсто застанувајќи зад британскиот став. Емануел Макрон дури и лично даде изјава за солидарност со Лондон.

Руските високи функционери негираа дека Москва стои зад труењето на Скрипал и неговата ќерка Јулија и дури навестија дека можеби Лондон стои зад тоа труење.

Седвил додаде дека Русија одбива да даде било какво објаснување како отровот што го изработувала советска Русија бил употребен на британска територија.

“Она што се случи во Салисбери е последен од јасните примери на несовесно однесување од руската држава и тоа ја загрижува целата Алијанса. Тоа однесување го видовме од Крим до сајбер нападите, Русија постојано ги крши нормите во меѓународните односи”, додаде Седвил.

По британските санкции кон Русија и САД излегоа со свој список санкции поради мешањето на Москва во изборниот процес во САД и сајбер нападите. Овие санкции им забрануваат влез во САД на повеќе лица, ќе бидат замрзнати нивните сметки и имоти во САД и тие нема да можат да тргуваат со САД.

Истрагата за труењето на Скрипал продолжува. Досега никој од западните високи функционери не го обвини лично Путин за овој чин но тие се се поубедени дека рускиот претседател испратил јавни пораки коишто дозволиле ваков напад да се случи на британска територија. Во руските медиумите Скрипал се опишува како “кукавички предавник”.

Експертите велат дека отровот “новичок” е поопасен од било кое хемиско оружје. Тоа значи исто така дека зад овој напад стојат лица кои се добро обучени да ракуваат со ваква смртносна супстанца.

Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија
Фото: СкајЊуз

Според Политико, Путин лично и јавно се заканил дека ќе ги елиминира руските предавници па нападот врз Скрипал и неговата ќерка сугерираат дека нетрпеливоста на Москва може да биде подлабока отколку што се сомневаше Западот. Скрипал, кој служеше во руската воена разузнавачка служба, беше осуден за пренесување државни тајни во Британија. Тој во 2010 година беше ослободен како дел од шпионската размена со САД.

Конфронтацијата на Западот со Русија е на сцената по повеќе основи. Како на пример во Сирија кадешто Москва, со својот воен ангажман, му помага на претседтелот Башар ал-Асад да ја добие граѓанската војна. Овие денови во Русија настанот со Скрипал е на сите насловни страни и го одвлекува вниманието на јавноста од загубата на повеќе војници на сирискиот фронт.

Во недела Русите излегуваат на гласање. Путин е фаворит. Според Политико, станува збор за “крунисување” а не за избори.

Велика Британија Марк Седвил НАТО Русија Сергеј Скрипал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.