Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во пресрет на самитот: Северна Кореја се надева на нови односи со САД

0
By Нова ТВ on June 11, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 11, 2018 09:19

Севернокорејските државни медиуми сметаат дека средбата на нивниот лидер Ким Јонг ун и американскиот претседател Доналд Трамп е можност за земјата “да воспостави нови односи” со САД.

Коментарите, на еден ден пред историските разговори, претставуваат промена во тонот од Северна Кореја по неколку децении на непријателство кон САД.

Во меѓувреме, и Трамп изјави дека има “добро чувство” за многу очекуваниот самит.

Двајцата лидери веќе пристигнаа во Сингапур.

Многу малку детали од агендата се објавени во јавноста.

Јужнокорејската новинска агенција Јонхап објави дека високи дипломати од двете земји во понеделникот се состанале во Сингапур за да го подготват нацрт договорот за средбата на нивните водачи.

Американскиот претседател и лидерот на Северна Кореја престојуваат во одделни хотели, недалеку еден од друг, и ќе се состанат утре во хотел на Сентоса, популарен туристички остров неколку стотици метри од копното на Сингапур.

Трамп на  Твитер утрово објави дека има “возбуда во воздухот” во азиската земја пред самитот.

Тој се надева дека состанокот ќе започне процес кој на крајот го гледа со откажувањето на Ким од нуклеарното оружје.

Државните медиуми на Северна Кореја вообичаено не известуваат за активностите на лидерот во реално време, па самитот досега е само споменат.

Во уредничкиот коментар во Родонг Синмун се изразуваат очкувања дека “ќе се воспостават нови односи  за да се одговори на променливите барања на новата ера”.

Притоа се вели дека ќе бидат разменети “широки и темелни мислења” за “воспоставување постојан и мирен режим на Корејскиот полуостров и за решавање на проблемите кои се од заеднички интерес, вклучувајќи ги и прашањата за реализација на денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров”.

-Дури и ако некоја земја имаше непријателски однос со нас во минатото, нашиот став е дека ако оваа земја ја почитува нашата автономија … ќе се обидеме да го нормализираме преку дијалог, се вели во коментарот.

Заколнати непријатели

Со децении САД се заколнати непријатели. Во Пјонгјанг постојат дури и антиамерикански музеи.

Но, сега преку медиумите се промовира идејата идејата за разговор со она што некогаш беше “инкарнација на секакви зли, империја на ѓаволи”.

Затоа во коментарот на Родонг Синмун има повеќе пораки.

Во англиската верзија, самитот се прикажува како шанса за реализација на “денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров и другите прашања од взаемна загриженост, како што се бара од новата ера”.

Тоа е таа “променета ера” што е важна. Северна Кореја помина децении во изградба на нуклеарен арсенал со кои ја чинеа земјата многу. Ким Јонг-ун сега треба да му каже на својот народ зошто е подготвен да преговара.

Неговиот новогодишен говор – оној што го започна овој дипломатски процес – беше за стратегијата на Северна Кореја за градење на економијата откако ја постигна целта да стане нуклеарна сила.

Овој напис е значаен затоа што го отвора патот за можна промена во пораката на државата и им оди во корист на оние кои тврдат дека овој пат со Северна Кореја – работите би можеле да бидат различни.

Што доведе до средбата

Во текот на измјинатите 18 месеци, комуникацијата на Трамп и Ким се движи од добра, до најлоша.

Првата година на претседателствувањето на Трамп беше обележана со размена  на жестоки зборови со Ким – додека Северна Кореја спроведе неколку тестови на балистички проектили.

Американскиот претседател беше тој што иницираше заострување на санкциите на ОН за Пјонгјанг и да го натера неговиот традиционален сојузник, Кина, да им се придружи. Тој, во една прилика вети дека Пјонгјанг ќе се соочи со “оган и гнев” ако  продолжи да им се заканува на САД. За Ким рече дека е “ментално пореметен” и “досада”.

Северна Кореја во септември лани го спроведе својот шести нуклеарен тест. Набрзо потоа, Ким изјави дека неговата земја ја остварила својата мисија да стане нуклеарна држава, со проектили што би можеле да стигнат до САД.

На почетокот на 2018 година се случи пресврт во односите. Се започна со значајни дипломатски комуникации меѓу Северна Кореја и Јужна Кореја за време на Зимските олимписки игри. Во март, Трамп го шокираше светот со тоа што ја прифати покана од Ким за средба.

На какви отстапки се подготвени

Денуклеаризацијата е централно прашање во пресрет на разговорите. САД сакаат Северна Кореја да се откаже од своето нуклеарно оружје, но се очекува Северна Кореја да се спротивстави на тоа и не е јасно што би можело да побара за возврат.

Ким, исто така, рече дека сака да се фокусира на градење на севернокорејската економија – и на тој начин сака олеснување на санкции и меѓународни инвестиции. Прашањето е какви отстапки тој е подготвен да направи и дали ќе се придржува до какви било ветувања.

Сепак, многумина не очекуваат утре во Сингапур да биде постигнат конечен договор. Трамп го опиша како состанок “за запознавање со ситуацијата” и рече дека “тоа ќе биде процес”.

Ким Самит Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 16, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

ВЕСТИ April 16, 2026

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија…

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026

Во сенката на иранската криза Русија континуирано ја напаѓа Украина

April 16, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.