Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Прилеп и на Карпалак одбележани 24 години од загинувањето на 10-те бранители

0
By Zoran Ivanov on August 8, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 8, 2025 15:26

Пред споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп се одржа централното чествување за 10-те прилепски бранители кои точно на денешен ден пред 24 години беа убиени при заседата на армискиот конвој кај Карпалак, на патот Скопје -Тетово.

Бројни државни делегации, роднините на загинатите, здруженија и граѓани положија свежи цвеќиња и се поклонија пред споменот на загинатите херои.

Градот честуваше и со тага се сеќава на 10-те загинати бранители: Горан Миноски, Сашо Китаноски, Веби Рушидоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и Дарко Вељаноски.

Сеќавањата не бледнеат, а пораките се посилни, Карпалак е рана, но и завет, рече прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.

Завет дека Македонија ќе а нашето минато ќе нè учи, а не да нè разделува. Семејства на загинатите херои не сте заборавени. Вашата болка биде држава на правда, на мир и на достоинство. Завет дека нема да има повеќе поделби и омраза. Завет деке болка на цел Прилеп. Вашето достоинство е сила за сите нас, рече Јовчески на одбележувањето.

На загинатите денеска им беше оддадена почит и пред спомен-обележјето на месноста Карпалак. Јордан Трајкоски од здружението на резервните воени обврзници од Прилеп искажа разочараност и револт што и по 24 години нема достојно спомен обележје на месноста каде се случи една од најголемите трагедии во поновата македонска историја.

И денеска го најдовме истото место без никакво достојно одбележје. Ние секоја година го повторуваме истото барање и наидуваме на еден куп ветувања дека ќе има споменик, ваков ќе биде – таков ќе биде, а помина 22 години откако првпат дојдовме во 2003 година, и е без достојно спомен-обележје. А, освен тоа, досега не се остварени правата на бранителите, рече Трајкоски од здружението на резервните воени обврзници од Прилеп.

Во рамките на чествувањата изутрината беа посетени вечните почивалишта на загинатите бранители во Прилеп и во населените места, а синоќа почит им беше оддадена и пред спомен обележјето во прилепската касарна.

 

2001 Карпалак Конфликт Прилеп Сеќавање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 19, 2026

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

ВЕСТИ May 19, 2026

Прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче:

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

May 18, 2026

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.