Спортскиот директор во клубот е убеден дека напаѓачот Килијан Мбапе ќе го продолжи договорот со Пари Сен Жермен на крајот од оваа сезона.

Неговиот договор истекува во јуни следната година и Французите ќе имаат сериозна конкуренција од шпанскиот гигант Реал Мадрид.

„Никогаш не мислевме дека Килијан може да си замине. Дефинитивно не сме задоволни од однесувањето на Реал Мадрид. Бевме јасни за висината на нивната понуда. За нас тоа е крајно недоволно, па дури и пониско од она што го плативме за него”, спортскиот директор Леонардо Араухо.

„Не мислам дека тој ќе замине на крајот на сезоната. Неговата врска со ПСЖ е длабока и неговата иднина е тука”, додаде тој.