Илјадници луѓе маршираа во Букрешт и во други романски градови против планот на владата да амнестира корумпирани политичари и да декриминализира некои престапи. Демонстрантите велат дека владата со ова сака да ги поништи сите долгогодишни напор на државата да се бори ефикасно со криминалот и ја нарекоа владејачката партија „Црвена чума“. На критиките се придружи и романската јавна обвинителка Лаура Ковеси.
Романскиот премиер Сорин Гриндеану изјави дека сака да добие право да помилува затвореници, бидејќи затворите биле преполни. Тој вчера оцени дека протестите биле политизирани и го критикуваше претседателот Клаус Јоханис кој во минатата недела учествуваше на слични вакви протести. Јоханис, главниот обвинител, Врховниот суд и Специјалното обвинителство за борба против организираниот криминал го критикуваа планот на владата.
Според написите на романските медиуми, државата досега ги бележи своите најмасовни протести или околу 90,000 луѓе излегле на протест низ државата, од нив 50,000 во главниот град