Поради обилните врнежи од снег во текот на изминатото деноноќие на територијата на Скопје се евидентирани вкупно 22 паднати дрвја, од кои 17 во населени места и пет во Градскиот парк, информира градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
Тој на својот фејсбук профил напиша дека екипите на Градот Скопје и јавните претпријатија веднаш излегле на терен и ги расчистуваат паднатите гранки и дрвја, а се санираат и скршените гранки што висат од дрвјата и претставуваат опасност за минувачите.
„Апелираме до граѓаните да бидат внимателни и претпазливи при движењето покрај дрвја и дрворедите, а воедно ги замолуваме за трпение додека траат активностите за расчистување на штетите предизвикани од обилните врнежи на снег“, пишува Шилегов на фејсбук.