Шестиот по ред ВЕГЕФЕСТ – фестивал, организиран од Анима Мунди, се одржува денеска во Младинскиот Културен Центар во Скопје.

Посетителите на фестивалот ќе имаат можност да проследат циклус предавања за користа од веганството,  изложби, спортски и едукативни активности, музички настапи, како и да ја пробаат веганската храна која ќе биде достапна на штандовите на фестивалот.

Забава ќе има и за најмладите кои ќе можат да се дружат во богатото Детско катче, каде што ќе можат да уживаат во различни танци, магионичари и работилници за деца.

„Револуцијата за правата на животните започнува од  принципите и животните навики на секој поединец – тоа е основната порака која целиме да ја пренесеме, во соработка со наши бројни пријатели, партнери, учесници на фестивалот кои на Вегефест се приклучуваат волонтерски, за што безрезервно им благодариме“, велат од Анима Мунди.