Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во скопско активен уште пожарот во с.Раовиќ-регистрирани и 8 лажни дојави

0
By Mirjana on August 5, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 5, 2021 22:41

Скопската противпожарна единица до вечерва успеа да се справи со 18-те пожари кои зафатија делови во и околу градот Скопје. Командантот на противпожарната единица Владимир Симоновски за НоваТВ вечерва изјави дека сеуште активен пожар имале во селото Раовиќ во општина Сарај.

Во гаснењето на ова огнено жариште со две противпожарни возила дејствува скопската противпожарна единица, а се вклучени и две противпожарни возила од „Јасен“ како и една цистерна од општина Сарај која служела за дотур на вода. „ Екипите остануваат на терен до целосно гасење на пожарот“, додаде Симоновски за НоваТВ.

Тој како пожар со најголем потенцијал да предизвика поголема опсност и штети, меѓу денешните, го наведе оној во кругот на фабриката „ Охис“ за кој вели бил сто постотно убеден дека бил намерно предизвикан.

Инаку Симоновски информира и за појавата на лажни дојави. Само денеска кога единицата се соочуваше со толку пожари на терен, добила и 8 лажни дојави за пожар, за места на кои кога отишле противпожарните екипи увиделе дека станува збор за лажна информација.

Симоновски вели, благодарение на новата телефонска централа од 2019-та година, сега се евидентираат сите повици на десетте линии со кои располага централата, што за статични што за мобилни телефони. Така што и овој пат познати се и евидентирани се осумте телефонски броеви од лажните дојави, по што истите ќе бидат пријавени на истражните органи.

Од противпожарната единица на Скопје апелираат никој да не се осмелува лажно да ги навигава противпожарните единици бидејќи е можно додека се упатуваат на лажни места со пожар, некаде да се во прашање минути па и секунди за побрзо да се интервенира за се да не појде во неповрат.

 

лажни дојави пожари Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026Updated:June 16, 2026

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

ВЕСТИ June 16, 2026

Неколку ирански бродови поминаа низ зоната на американската поморска блокада во Оманскиот Залив, според иранските…

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

June 15, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.