Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во следните три години секој во Македонија да има пристап до интернет

0
By Нова ТВ on November 25, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, и директорот на МЕПСО, Сашо Василевски, денеска беа во работна посета на локација на која се монтира заштитно јаже со оптика на далекувод од преносната мрежа на МЕПСО во Струмица.

Во изјавата за медумите премиерот Заев истакна дека овој инвестициски зафат на МЕПСО е во целосна согласност со политиките на Владата за да се обезбедат неопходи стандарди за членството на Македонија во ЕУ.

-Со монтажата на оптичката мрежа во системот далекуводи на МЕПСО, нашата земја го фаќа чекорот со проекциите на ЕУ и создава услови во следните три години секој наш граѓанин да има пристап до интерет со брзина од најмалку 30 мегабајти во секунда брз широкопојасен интернет и најмалку 50 проценти од домаќинствата да имаат претплатнички договор за пристап до најмалку 100 мегабајти во секунда супер брз или ултра супер брз бродбенд интернет-пристап, истакна  Заев.

Министерот Дамјан Манчевски рече дека Македонија има централизирани политики во делот на ИКТ при што е формиран Националниот совет за ИКТ и со тоа се настoјува да се обезбеди што повеќе широкопојасен интрнет за граѓаните.

-Мапирани се белите зони во државата и точно знаеме каде треба да се инвестира и во кои делови државата треба да инвестира за да им помогне на граѓаните да добијат пристап до широкопојасен интернет. Наша цел е сите граѓани и тие што живеат во најруралните области да добијат доволно брз пристап до интернет, рече Манчевски.

Најави дека до крајот на годината ќе се донесе планот за широкопојасен интернет, а со инвестицијата на МЕПСО се отвораат можности за привлекување и на трет мрежен оператор во Македонија, како и провајдери кои би нуделе широкопојасен интернет на граѓаните.

Директорот на МЕПСО, Сашо Василевски, истакна дека инвестицијата во овој проект е вредна еден милион евра и треба да заврши до крајот на ноември идната година.

-Инвестираме во оптичката мрежа, но оттука, од Струмица, сакам да ја најавам новата инвестиција вредна 5 милиони евра во делот на телекомуникациите и во следните десетина дена треба да биде објавена тендерската документација, рече Василевски.

МЕПСО поставува оптика на 12 далекуводи во вкупна должина од 200 километри. Поставувањето на оптиката почна на почетокот на октомври, а досега е реализирана половината. Комплетно оптиката со оваа динамика на работење ќе биде поставена до август 2019 година.

интернет МЕПСО пристап
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.