Во Србија и денеска преку социјалните мрежи се организираат протести под мотото „Протест против диктатурата“, по победата на актуелниот премиер Александар Вучиќ на претседателските избори уште во првиот круг.
„Сакам култура, а не диктатура“ , „Стоп за купување гласови“, беа само дел од транспарентите вчера во Белград, Ниш и Нови Сад.
Иако во пред изборната кампања за претседателските избори Александар Вучиќ упати порака до српските граѓани дека нема да дозволи македонско сценарио во Србија, граѓаните синоќа маршираа по улиците од Собранието па се до Владата.
Денеска, Вучиќ рече дека Србија е демократска земја во која секој има право да си го каже мислењето и дека е во ред се додека е мирно.
Српскиот премиер Александар Вучиќ на изборите во неделата освои 55 проценти од гласовите.