Дури 270 претставки против судии во моментов се наоѓаат пред Судскиот совет.

„Моментално пред Судскиот совет се покренати постaпки за разрешување на пет судии. Како што ќе се разгледуваат етапно овие 217 претставки, така ќе се знае за евентуални нови постапки за разрешување на судии. Дел од овие 270 поднесени претставки се поплаки од незадоволни граѓани, странки во судските постапки, што секако нема да преминат во постапки за разрешување“, рече денеска претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски.

Повеќето од овие претставки се наследени од Советот за факти за утврдување одговорност кај судиите, но има и нови по згаснувањето на овој Советот.

Советот сега ќе формира комисиј која пак ќе ја има улогата да ги разгледа петте претставки за разрешување.

Ќе има 15 дена да го извести Судскиот совет, кој потоа ќе гласа за иницијативите за разрешување.