Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во тишина оддадена почит за 16-те загинати во падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад пред една година

0
By Zoran Ivanov on November 1, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 1, 2025 15:02

Со 16-минутна тишина денеска во Нови Сад во 11 часот и 52 минути беше оддадена почит за 16- луѓе загинати во падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад лани.

Кон градот се уште се движат колони граѓани од кои сакаат да присуствуваат на денешниот комеморативен собир по повод година дена од трагедијата во која меѓу загинатите беше и македонски државјанин. Палат свеќи, оставаат цвеќе на оградата на железничката станица. Полицијата е присутна секаде во градот. На главниот булевар во градот се поставени штандови каде што се нудат вода и сокови.

Во Србија денеска е Ден на жалост по повод годишнината од смртта и страдањето на граѓани поради уривањето на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, но и ден кога голем број луѓе од целата држава одржуваат комеморативен собир во тој град во Војводина со цел – да оддадат почит на загинатите.
Пред една година на денешен ден во Нови Сад – загинаа 16 луѓе, а едно девојче беше тешко повредено кога се урна бетонска настрешница на реновирана железничка станица во тој град, трагедија за која досега не е утврдена кривична одговорност.

Бетонската настрешница се урна во 11 часот и 52 минути, тогаш загинаа 14 луѓе, меѓу кои и четири деца на возраст од шест, 10, 16 и 17 години, а три лица беа тешко повредени. Уште две лица починаа подоцна поради повредите. Меѓу загинатите беше и Македонецот  Васко Саздовски (46) – истражувач во Институтот Биосенс во Центарот за сензорски технологии, како виш истражувач во рамките на проектот ANTARES. Докторирал на Универзитетот Кренфилд, Обединето Кралство. Претходно магистрирал електротехника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и дипломирал воздухопловство на Воената академија во нашата држава.

 

годишниона молк настршница Нови Сад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.