Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во второстепената комисија за инспекциски надзор 5 месеци немаат плата

0
By Нова ТВ on August 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вработените од Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка денеска преку соопштение до медиумите информираат дека од март не добиле плата, а целокупната работа и функционирање на Државната комисија е во комплетен застој, со што се засегнати и граѓаните на Република Македонија чии постапки се водат по жалба пред оваа институција.

Во писмото истакнуваат дека состојбата во која се наоѓаат е по  разрешувањето на Претседателот и членовите од претходниот состав на Државната комисија на 19 март 2018 година од Собранието на РМ, по што не е именуван нов состав.

 

Вработените наведуваат и дека немаат хартија за работење, принтерите и фотокопирите се запечатени, немаат вода за пиење, средства за чистење, дел од климите не функционираат, тоалетите се расипани, а во прилог на писмото испратија и неколку фотографии со кои ја илустрираат моменталната состојба.

-Државната комисија нема платено струја 6 месеци. Прашање на време е кога ЕВН ќе ја исклучи и струјата во институцијава. Нема платено сметки за Интернет, сметки за одржување на хигиената. Телефоните се исклучени исто така поради неплатени сметки. Со еден збор Комисијата не функционира, стои во писмото.

Тие велат дека за проблемот во три наврати се обрати до Собранието на Република Македонија и до Владата.

 

Од Собранието добиле одговор да чекаа избор на нови членови на собраниска седница.

-Таа собраниска седница и тој избор на нови членови и раководство го чекаме веќе 6 месеци, велат вработените.

 

Тие објаснуваат дека во Државната комисија има вкупно 28 вработени – стручна служба од 24 административни службеници и 4  работници распоредени во 3 сектори.

Поголем дел од вработените секојдневно патуваат од Гостивар, Кочани, Тетово, Куманово, Илинден и како што велат веќе не се во можност да го финансираме својот превоз до Скопје и назад.

-Сите вработени имаат кредитни обврски спрема банките и застој во  исплата на платата веќе пет месеци, а можеби тоа ќе трае и повеќе месеци доколку Собранието не преземе мерки за избор на ново раководство. Ова се одразува врз нашата економска состојба, од причина што со неисплатената плата има и неисплатена рата/рати за кои банките дополнително пресметуваат затезна камата. Исто така и здравственото осигурување за сите вработени во Државната комисија истече на 30.04.2018 година и со тоа од 01.05.2018 година не може да се оствари правото на лекување и земање на лекови од аптеките на сметка на Фондот за здравствено осигурување, што предизвикува дополнителен трошок и проблем за сите вработени. Или поедноставно кажано: Немаме пари да си ги платиме домашните сметки, се наведува во писмото до медиумите.

 

 

Исто така посочуваат дека во стручната служба има неколку бремени жени, кои треба да се породат во септември/октомври, а немаат здравствено осигурување, како и болни лица, чија состојба секојдневно се влошува бидејќи немаат пари да ги купат лековите приватно.

 

 

Второстепена комисија плата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.