Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во завршна фаза е реконструкцијата на две детски игралишта во Кисела Вода

0
By НОВА ТВ Balaban on December 19, 2021 РЕПУБЛИКА
Фото: Правдико
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 19, 2021 14:15

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во состојбата на двете детски игралишта, чија реконструкција е во завршна фаза, информираа од Општината Кисела Вода.

Првото е лоцирано на улицата “Димо Хаџи Димов”. Поставени се сосема нови реквизити за детска игра, клацкалки, лулашки просторот е ограден, а поставени се и нови клупи за одмор за повозрасните. Дополнително, непосредно до детското игралиште, поставени се и фитнес справи, со што љубителите на спортот добиваат свој простор за вежбање на отворено. Целокупниот лик на ова место, каде постоеше старо и уништено детско игралиште е променет. Наскоро овој простор за рекреација ќе биде целосно завршен и ставен во употреба.

Градоначалникот Ѓорѓиевски изврши увид и во реконструкцијата на детското игралиште во урбаната заедница 11 Октомври Бараки, во  близина на булеварот “Борис Трајковски”. И овде, веќе е видно изменет ликот на она што беше руиниран простор за детска игра. Новите реквизити се поставени, а со претставниците од комуналниот сектор од Општината, градоначалникот дискутираше околу можностите за дополнителни содржини кои би го збогатиле ова детско катче и би ја подобриле естетиката на просторот.

 

– При крај е целосната реконструкција на овие две детски игралишта во урбаните заедници Кисела Вода и во 11 Октомври Бараки. Поставивме модерни и безбедни реквизити за детска игра, а паралелно го санираме и просторот околу игралиштата со цел да им обезбедиме и на нивните родители удобно и пристојно место за релаксација додека нивните дечиња уживаат во играта. Едновремено, вршиме скрининг во состојбата на сите детски игралишта во општината, со цел да интервенираме онаму каде што има потреба, а онаму каде што постои можност и да изградиме нови детски катчиња – изјави Ѓорѓиевски.

детски игралишта Кисела Вода
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.