https://www.facebook.com/RSE.Balkan/videos/10154652645033883/?autoplay_reason=user_settings&video_container_type=4&video_creator_product_type=0&app_id=165907476854626&live_video_guests=0
Во неколку градови во Србија и денеска се одржуваат протести на незадоволните од резултатите од претседателските избори.
Протестот во Белград почна околу 18 часот пред зградата на Парламентот на Србија, а во исто време стотици млади луѓе се собраа во кампусот на Универзитетот во Нови Сад.
Протестите се организираат преку социјалните мрежи и нема партиски обележја.
Протести имаше и вчера во Белград, Нови Сад и Ниш, а премиерот и избраниот претседател Александар Вучиќ рече дека во Србија секој има право да го искаже своето мислење.
„Ние сме демократска земја и секој има право да биде среќен или несреќен поради изборните резултати. Замислете кога јас би ги повикал сите свои симпатизери да одиме да славиме“, изјави Вучиќ.
Се уште не е познато кој е организатор на протестите.