Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Водечки современи писатели од регионот, Јерговиќ, Томиќ, Ќорвезироска, Божовиќ – меѓу гостите на 9. „ПРО-ЗА Балкан“

0
By Ана Василевска on September 10, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 10, 2021 12:58

На 20 септември, ќе се одржи жтркалезна маса на темата „Литературата во време на пост-вистината“

Деветмина писатели, издавачи, уредници од регионот и пошироко ќе бидат гости на 9. Издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, што ќе се одржи од 19 до 22 септември во Скопје. На годинашниот лауреат Мирча Картареску, ќе му се придружат писателите: Јоана Николае, Анте Томиќ, Миљенко Јерговиќ, Оливера Ќорвезироска, Гојко Божовиќ и Калин Терзиски. Нивното творештво ќе биде промовирано на отворањето на 19 септември, во Даут-пашиниот амам.

Лауреатот Картареску е еден од најважните прозни автори, на самиот врв на европската литература. Најважните светски медиуми го сместуваат заедно со Исмаил Кадаре, Олга Токарчук, а неговите книги може да се најдат на главните полици во книжарниците во САД, Франција, Шпанија, Италија…
Јоана Николае е авторка на повеќе прозни и поетски книги, за кои освоила бројни награди во Романија, но и низ Европа. Таа е добитник на наградата за проза доделена од списанието Атенеу, „Книга на годината за 2018“ на натпреварот „Читателот знае најдобро“ и „Книгата на Регина“, победник на Романското радио за Културна награда за проза, Набљудувачка културна награда и други.

Анте Томиќ е познат хрватски писател, кој работи како новинар за „Јутарњи Лист“, а неговите саботни колумни се омилено четиво за сите оние што сакаат да се насмеат дури и кога ситуацијата во земјата е лоша. Како писател досега има напишано четири романи. Во 2005 година, Хрвоје Хрибар го сними филмот „Што е маж без мустаќи“ врз основа на неговиот прв роман, а една година подоцна Рајко Грлиќ го сними филмот „Караула“ базиран на неговата книга „Ништо не треба да нè изненади“. Со Грлиќ соработуваа и на сценариото за наградуваниот филм „Устав на Република Хрватска“, со Небојша Глоговац во главната улога. Филмот ќе биде прикажан во Кинотека на 20 септември.

Миљенко Јерговиќ е еден од најзначајните писатели во регионот на поранешна Југославија. Автор е на повеќе од 30 романи, збирки раскази и поетски изданија. Добитник е на голем број национални и меѓународни книжевни награди. Тој важи за најчитаниот автор во регионот.

Оливера Ќорвезироска е застапена во 20-ина антологии на современиот македонски расказ, објавени дома и во странство. Нејзините раскази се преведувани на англиски, француски, унгарски, албански, чешки, српски, словенечки, полски, руски, германски и грчки јазик. Повеќекратен добитник е на значајни награди за расказ и проза.

Калин Терзиски има издадено 23 книги – 6 новели, 12 збирки со куси раскази и 5 поетски збирки. Освоил: Награда за најпродавана книга во Бугарија – за новелата Алкохол – 2010, Награда за литература од Европската Унија – 2011 за кусите приказни „Дали има некој за да те сака“. Златно перо – Награда за придонес во бугарската култура – 2013.

Гојко Божовиќ е повеќекратно наградуван поет, есеист, литературен критичар, уредник и издавач. Три книги песни и една со есеи од Божовиќ се издадени на македонски јазик. Тој е основач и одговорен уредник на издавачката куќа „Архипелаг“ (Белград 2007) и Белградскиот фестивал на европската литература (Белград 2012). Потпретседател е на српскиот ПЕН центар.

Божовиќ заедно со хрватската издавачка и литературен агент Диана Матулиќ и словенечкиот писател и уредник Андреј Хочевар, ќе бидат дел од Скопје фелоушип програмата. На вториот фестивалски ден, на 20 септември, тие ќе учествуваат на тркалезна маса на темата „Литературата во време на пост-вистината“ во Europe House Скопје. Ќе следува средба на членовите на оваа програма со претставници на Македонска асоцијација на издавачи.
На третата вечер ќе биде доделена наградата Прозарт на лауреатот Картареску, а секој автор ќе прочита извадоци од своите дела.
На 22 септември ќе се одржи дополнителна програма – „Александар Прокопиев за Гојко Божовиќ & Божовиќ и Прокопиев за Данило Киш“ во книжарница „Буква“.
Поддржувачи на фестивалот се: „Традуки“, Министерството за култура, Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Град Скопjе, амбасадата на Романија, Спона, Кинотека.
Организатор на фестивалот е издавачката куќа „Прозарт медиа“.
Фестивалот ќе се одржи во Даут-пашин амам, Кинотека, Europe House Skopje и во „Буква“.

даут пашин амам книга писатели про за балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 11, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

ВЕСТИ June 11, 2026

Мексико и Јужна Африка вечерва во 21.00 часот по средно европско време го отвораат 23тото…

Историјата повторно во фокусот: ЕП бара нова меѓувладина седница меѓу Скопје и Софија

June 11, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

June 8, 2026

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.