Војникот кој беше инволвиран во настаните на 27 април во Собранието, а кој набргу потоа замина на мисија во Авганистан од минатиот петок е вратен во Македонија и испратен на разговор кај обвинител.
За војникот кој од полицијата бил лоциран како учесник во настаните на 27 април, постапката за негово враќање во Македонија почнала веднаш откако се дознало дека тој е упатен во мисијата.Тој во петокот се вратил во Македонија, а во саботата бил изведен пред судија за да даде исказ.
За него веќе е отворена дисциплинска постапка како што се почнати постапки и за други офицери и војници на АРМ, кои учествуваа во немилите настани во Собранието на РМ од 27 април.