Предмалку непознато лице пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, кога пристигнувал таму за да ја предаде функцијата на новиот министер Таравари.

Според првичните информации, Тодоров на влегување на скалите се поздравувал со снимателите кои чекале да влезат внатре и тогаш напаѓачот извадил пиштол и пукал директново него.

Нема инфоромации каква е состојбата на Тодоров и каде се наоѓа. Неофицијално напаѓачот е уапсен. Во моментот пред Министерството за здравство има многу полиција која го обезбедува просторот.