Најмалку две лица го загубија животот и 30-тина се повредени по излетување на воз од пруга во близина на градот Лоди во северна Италија.
Железничката несреќа се случи утрово, околу 5:35 часот по локално време. Во двата превртени вагона, како што јавуваат италијанските медиуми, има најмалку 30 лица. Возот сообраќал на релација Милано – Рим.
Двете загинати лица, според досегашните информации, се машиновозачите на композицијата.