Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Воз како куршум: Од Хонг Конг до Кина за 14 минути (Видео)

0
By Нова ТВ on September 23, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Драстично е скратено времетраењето на железничката релација од Хонг Конг до Кина. Со новиот супербрз воз што е промовиран викендот, патувањето трае само 14 минути наместо еден час како што беше случај досега. Линијата чие крајно одредиште е Шенжен е долга 26 километри.

На проектот се работеше осум години и за негова реализација се потрошија десет милијарди долари. Системот е направен за дневно опслужување на 80.000 патници од финансискиот центар на Азија што брои околу седум милиони луѓе до континенталниот дел на Кина, поточно, провинцијата Гуангдонг која важи за центар на производната индустрија во најмногубројната земја на светот.

Патниците во возот ќе бидат во постојан контакт со кинеската мрежа на брза железница што сообраќа на 44 дестинации меѓу кои западниот град Сиан, Пекинг и Шангај. Проектот, сепак, го следат и контроверзи.

Како пример се истакнува законот за заеднички пунктови на терминалите што го донесоа властите во Хонг Конг. Тоа значи дека проверката на кинеските државјани ќе се одвива на терминал наместо на административната граница. И за првпат официјален Пекинг ќе спроведува закони на тлото на Хонг Конг.

Тоа е причина за протести на продемократски групи во земјата за кои заедничките пунктови претставуваат поткопување на автономијата на Хонг Конг што е воведена врз основа на договор за една земја со два засебни система при интеграција на поранешната британска колонија во Кина.

Брза Железница воз Кина Хонг Конг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.