Едно лице е тешко повредено во железничката незгода што се случила ноќеска кај село Лопате, каде дошло до судир меѓу товарен воз, кој сообраќал на релација Табановце-Гевгелија и патничко возило „Ауди“ со кумановски регистарски ознаки.
Од МВР информираат дека во 00:45 часот било пријавено за железничката незгода меѓу товарниот воз и автомолбилот управуван од Ф.Ј. (47) од липковското село Оризаре.
„Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил Ф.Ј., констатирани во Општата болница во Куманово“, се наведува во соопштението од МВР.