Возачите од ЈСП „Скопје“ го откажаа протестот најавен во минатата недела поради ниските плати и тешките услови за работа. Претставници од трите синдикати и од кабинетот на в. д. директорот, Александар Стојковски, информираат дека е постигнат договор за зголемување на платите за 2.800 денари, почнувајќи од јунската плата.

– Од наредната плата секој вработен во претпријатието, независно на работната позиција и статусот на вработување, ќе добие покачување за 2.800 денари. Со оваа одлука нема да бидат опфатени вработените кои добија покачување со Законот за минимална плата, пишува во известувањето од директорот Стојковски.