Хеликоптер „Ми-8“ се урна во Краснојарск, откако со пропелер ја закачил конструкцијата за превоз на товар на друг хеликоптер, јави агенцијата „ТАСС“ повикувајќи се на информација од „Росавијација”.
Според соопштението на „Росавијација”, хеликоптер од типот „Ми-8 АМТ“ со патници во него, од засега непознати причини, по полетувањето, удрил во надворешна конструкција на друг хеликоптер кој превезувал товар, по што паднал, експлодирал и изгорел.
Двата хеликоптери полетале еден по друг во реонот на Ванкорското нафтено поле. Прв полетал хеликоптерот „Ми-8“ со надворешна конструкција за товар и без патници, а по него и „Ми-8 АМТ“ со работници од пумпена станица на кои им завршила смената.
Несреќата се случила во нормални временски услови без врнежи пришто загинаа тројцата членови на екипажот и 15 работници.