Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

0
By Zoran Ivanov on July 21, 2026 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 21, 2026 10:22

Џабир Дерала од Луцк, Украина специјално за ЦивилМедиа.мк

Во текот на минатата ноќ, мапите на мобилните апликации за воздушна опасност во Украина беа речиси целосно обоени во црвено, што укажуваше на широка закана врз повеќе региони. Украинските власти соопштија дека рускиот агресор изврши напад со две ракети воздух-земја Kh-59/69 и 94 дронови од различни типови во ноќта меѓу 19 и 20 јули. Силите за воздушна одбрана соборија 81 руски беспилотни летала.

Паралелно со нападите врз градовите, Украина објави дека агресорот извршил и смртоносен удар врз товарниот брод Golden Leo во близина на Одеса. Бродот, кој превезувал жито, бил погоден со крстосувачки ракети.

„рф останува главна закана за безбедноста на пловидбата во Црното Море. Бројот на загинати по нападот на рф на 19 јули врз трговскиот брод кај Одеса се зголеми на 10“, објави украинската амбасадорка Лариса Дир на социјалните мрежи денеска.

Според украинските информации, загинале членови на екипажот, има повредени и исчезнати, а меѓу загинатите бил и украински поморски пилот. Овој напад покажува дека цел на агресорот не се само украинските градови, туку и цивилната поморска и извозна инфраструктура, вклучително и транспортот на храна.

Ракетните напади на рф врз бродови со жито се системска политика за нарушување на глобалната прехранбена безбедност

Колегите од „Волинска газета“ во Луцк, од каде што се подготвува овој извештај, нѐ информираат дека нападите на рускиот агресор со дронови и наведувани авиобомби на 19 и 20 јули 2026 година предизвикаа сериозни штети и човечки жртви во неколку украински региони. За првпат со модернизирани авиобомби беше погоден Павлоград во Днипропетровската област, каде што беа повредени 13 лица, меѓу кои и едно 13-годишно девојче.

Во слични напади во Запорижја и Краматорск имаше две цивилни жртви и осум повредени лица, додека во Краматорск беа забележани шест директни погодоци во станбени квартови. Истовремено, нападите со дронови предизвикаа големи материјални штети на цивилна и индустриска инфраструктура, бензински пумпи и повеќекатница во Миколаив, како и приватна фабрика во П’лтава.

Воздушните тревоги низ Украина во ноќта кон 20 јули уште еднаш ја покажаа реалноста на животот под постојана закана. Непроспиени ноќи, пожари, оштетени или разурнати домови и постојана борба за преживување.

Луцк не беше во „црвената зона“ минатата ноќ. Колегата, д-р Волфганг Ресман, утрово само кратко искоментира:

„Ние сме во окото на ураганот“.

Изминува 1.608-от ден од почетокот на целосната руска инвазија. Сега е 21:30 по локално време. Нова ноќ на неизвесност се спушта над Украина. Агресорот ја користи ноќта како штит и како оеужје против цивилите. Секој ден и секоја ноќ – ново воено злосторство.

Извор: ЦивилМедиа.мк

Дерала специјално Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.