Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вработен од обезбедување ја скршил вратата, починатиот му бил вујко

0
By Менче Атанасова Точи on November 5, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вработен во патролното обезбедување кое дошло на повик  да го заштити медицинскиот тим од разбеснетата толпа во болницата „8 Септември“  ја искршил влезната врата кога сфатил дека починатиот пациент му е вујко. Во синоќешното дивеење на роднините на починатиот, болницата на располагање имала само пет лица од обезбедувањето кое ја чува.  Затоа била повикана патролна екипа, но едниот од нив си го препознал вујкото на креветот во собата за реанимација. Тој всушност на излегување, во бес ја искршил влезната врата на болницата, дознава НОВА од извори во болницата.

Во Градската општа болница„8 Септември“ денеска е мирно по синоќешното дивеење на разбеснетите роднини на пациентот кој лекарите не можеле да го вратат во живот. Лекарите се вознемирени и исплашени, се санираат штетите од кршењето на медицински материјал и стаклото на вратите.

skrseno-staklo

Драмата започнала во моментот кога на 45 годишниот Е.И му се слошило по што бил однесен во приватна амбуланта во Чаир каде му била укажана прва помош. Кога лекарите увиделе дека состојбата е тешка повикале Итна медицинска помош и пациентот го упатиле во болницата „8 Септември“. Во возилото по пат на пациентот му била пружена помош, а екипата се јавила во болницата  за да се подготви тим бидејќи носат тежок случај. По безуспешна  реанимација од 40 минути лекарите од болницата  им соопштиле на најблиските роднини дека  пацинетот починал. Тие што биле присутни во собата за реанимација почнале да кршат епрувети, да фрлаат шприцеви и друг медицински материјал, тврди за НОВА Директорот на болницата Сашо Стојчев.

„Пациентот е донесен без знаци на живот, модар. Медицинскиот тим го реанимирал цели 40 минути, но безуспешно. Тогаш започнува дивеење во Ургентниот центар кое е снимено на камерите. Во еден момент роднините со количка го земаат починатиот и го ставаат во црн мерцедес без регистарски таблички, по што заминуваат од болницата“, изјави за НОВА директорот Стојчев.

По ова насилно земање на починатиот,  како во филмот со „Баба Зумбула“ , лекарите се јавиле кај семејството и им соопштиле дека треба да потпишат документ доколку не сакаат обдукција, во спротивно треба да го вратат починатиот назад.

По извесно време во болницата дошол братот на починатиот, се извинил за нередот и направената штета и потпишал дека не сакаат обдукција врз телото.

Стојчев вели дека врз телото на починатиот немало траги на насилство. Се претпоставува дека починал од срцев удар.

Во МВР го потврдија случајот иако од таму тврдат дека починатиот бил вратен со возило на брза помош, а не со приватно возило како што тврди директорот  Стојчев, кој потенцира дека се е снимено и документирано.

„ Итната медицинска помош не смее да вози починато лице доколку не се испочитуваат сите правила, а  телото мора да остане најмалку два часа во болницата“. Снимено е возилото со кој е однесен починатиот“, вели Стојчев.

Во МВР велат дека за случајот е известен јавен обвинител кој по документирање на настанот ќе поднесе соодветна пријава, односно поднесок.

 

дивеење насилно обезбедување пациент
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.