Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Врачена наградата „Книжевен жезол“ на Гордана Михаилова Бошнакоска и Аднан Озер

0
By Соња Крамарска on June 28, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 28, 2022 15:03

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) на денешната традиционална Меѓународна поетска манифестација „Празник на липите“ им ја врачи наградата „Книжевен жезол“ на поетесата Гордана Михаилова Бошнакоска и поетот Аднан Озер од Турција.

На манифестацијата беше промовирана заедничката книга „Бесконечното“ од Гордана Михаилова Бошнакоска и поезија од Аднан Озер. Како што посочија од ДПМ, преку оваа награда „Книжевен жезол“ се прави мост меѓу македонската култура и јазик и другите култури и јазици.

Во својата беседа за добитиците, Ерол Туфан на денешната манифестација посочи дека поетот Аднан најмногу зборува за мигрантите и за вредностите на помалите градови.

-Темата на мигрирање од село во град е тема не само кај поезијата на Аднан, туку и во општата литература во Турција. Она што го одвојува Аднан од другите поети на своја генерација е тоа што тој бил основач на неколку книжевни списанија. Тој пее за населбите полни со мигранти, а и самиот и натаму продолжува да живее во помала општина во Истанбул, иако припаѓа на културната елита во Турција, сепак не ја менува лоокацијата на живеење. Како што и самиот поет вели „Само оној кој постојано се дружи со светските поети, само тој може да се надоградува, и дневно учејќи да го збогатува балансот од повеќе зборови во своите песни“, додаде Туфан.

Претседателот на ДПМ, Христо Петрески во својот осврт посочи дека Аднан Озер е еден од најпознатите современи турски поети, кој со свој сегашен опус и во сегашниот водечки креативен ангажман влог и ракопис сосема заслужено во нашата држава ја доби наградата „Книжевен жезол“ во 2022 и „Златен прстен“ во 2015 година.

-Во неговата поезија авторот како да прави деминисценција врз свој пат и живот. Со неговиот зрел, оформен и емотивен ракопис, Озер преку лирски и деструктивен курс и дискурс пее за мраморот и животот со многу енергии и нагон и доживеани чувства. Тој во неговата поезија вметнува многи симболи, елементи, детали и најинаси. Се чини и не постојат два така сродни инспиративни и чувствителни симбола како што се кај Озер „Островот и мермерот“, рече Петрески.

Според академик Влада Урошевиќ, првите песни на Гордана веќе ја најавија како посебна личност во мозаикот на македонската поезија. Мозаикот, кој од ден на ден стануваше се побогат и поразновиден.

-Кога се појави Гордана, веднаш почна да се зборува за неа, како за млада девојка која се облекува екстравагантно, но и покрај убавината поседува талент. Нејзините песни се мошне различни од се она што дотогаш беше сметано за поезија, како и нејзина појава, рече Урошевиќ во својата беседа.

Тој напомена дека со својата поезија, но и својот нагласен начин на настапување во јавноста Гордана беше своевиден украс на нејзиното време, дури и кога за украсите се уште не беше препорачливо да бидат премногу видливи.

На свеченоста денеска исто така беше врачена и наградата за најдобра песна на тема „Липа” на македонскиот поет Стефан Марковски.

Покровители на Манифестацијата се Министерството за култура, Град Скопје и Турскиот културен центар „Јунус Емре” – Скопје. (МИА)

„Книжевен жезол“ Друштво на писатели на Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.