Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Време е да заврши нашиот осумнаесет годишен маратон за старт на преговорите, вели Маричиќ

0
By НОВА ТВ Terziova on June 28, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска имаше свое обраќање во воведниот дел на 19-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет –Македонија и ЕУ .

Маричиќ денеска имаше свое обраќање во воведниот дел на 19-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет –Македонија и ЕУ (Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација), посочи дека сега е најважно да се потврдат европските вредности, да се валоризира она што досега сме го сработиле, и земјите членки да го завршат нашиот осумнаесет годишен маратон за старт на преговорите.

– Не како подарок, туку како заслужено достигнување на сите генерации кои го вложија своето време, енергија и напори за да ја доведат земјата до точка за добивање на позитивна препорака. Последните години, ориентирани кон ЕУ, донесовме тешки одлуки за затворање на отворените билатерални прашања, покажавме дека знаеме да соработуваме, дека имаме визија и лидерство, рече Маричиќ на состанокот.

Вицепремиерот Маричиќ пред членовите на Европскиот Парламент кажа дека без разлика на исходот од француското претседателство Владата останува посветена на спроведувањето на реформите и задржување на европскиот курс во земјата, набројувајќи некои од реформите кои веќе се спроведуваат.

На крајот Маричиќ упати апел до Европскиот парламент, во рамките на Конференцијата за иднината на Европа, да ја издигне дебатата за европската перспектива на Западен Балкан и во контекст на реформите кои ќе се случуваат во Унијата.

– Во овој турбулентен период одлуките кои ќе се донесат за иднина на Европа мора да го вклучуваат и регионот како интегрален дел од Унијата. Само обединети ќе можеме ефикасно да одговориме на сите предизвици, и да градиме отпорност кон сите сегашни и идни закани. Клучот на успешна и просперитетна Европа е во обединувањето. Мора да се даде јасен план, и правец на земјите од Западен Балкан. Тоа ќе значи подготовка за она што ќе следува во регионот и во која насока ќе се движи, а Македонија ќе се движи кон полноправно членство во Европската Унија, потенцираше Маричиќ.

Во првата сесија од денешниот состанок, вицепремиерот Маричиќ заедно со амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на ЕУ во Македонија, во име на Европската служба за надворешни работи и на Европската комисија и Илхан Ќучук, постојан известител на Европскиот парламент за Македонија имаа можност да разменат мислења за меѓусебните односи и можностите за зајакнување на партнерството на Македонија и Европската Унија.

Мешовитиот парламентарен комитет –Македонија и Европската унија (ЕУ) е формиран врз основа врз основа на Договорот за стабилизација и асоцијација на Република Македонија, Резолуцијата на Европскиот парламент од 10 март 2004 година, како и со Одлука на Собранието на 7 декември 2004 година.

ЕУ Македонија маричиќ преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.