Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Врховен ќе одлучува за изземањето на судиите во „ТНТ“

3
By Нова ТВ on April 5, 2018 ПОЛИТИКА
Фото МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 5, 2018 15:53

Барањето на адвокатот на Никола Груевски, Еленко Миланов за изземање на судиите Огнен Ставрев, Осман Шабани и трите поротнички кои постапуваат по предметот, но и на претседателите на Кривичниот и на Апелацискиот суд е испратено на одлучување во Врховниот суд, потврдија за НОВА од Кривичен.

По барањето ќе одлучува Врховниот суд токму поради тоа што Миланов побара изземање на претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев, судијата Пајазит Пајазити и судиите во Апелација: Лидија Димчевска и Сафет Кадрии.

Миланов, го поднесе барањето на денешното рочиште за случајот „ТНТ“. Тој рече дека на 26 март поднел барање до СЈО за информација кои судии биле цел на незаконско прислушување. Од специјалната обвинителка Јанева добил одговор дека има судии кои биле прислушувани и дека дел од нив постапуваат по предмети на СЈО. Јанева, исто така во одговорот укажала дека ваквата околност, треба да биде предмет на Судски совет и дека судиите не треба тоа да го сфатат погрешно, туку во контекст на заштита на нивниот интегритет.

Бидејќи до крајот на денешниот работен ден не стигна одлука од Врховен,  следното рочиште e закажано за 13 април.

Инаку, денеска требаше во судот да се слушаат 26 прислушувани разговори за предметот „ТНТ“ од кои 10 и беа познати во јавноста и 16 необјавени.

Во овој случај обвинети се седум лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и екс градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението, тие во 2011 година за политичка одмазда го урнале објектот на нивниот политички противник, Цаноски, кој е во коалиција со сега веќе владејачкото мнозинство. Според СЈО, со уривањето е предизвикана штета од 16 милиони евра, а буџетот на општина Гази Баба е оштетен за дополнителни три милиони денари.

барање Врховен суд изземање одбрана судии ТНТ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 28, 2026Updated:January 28, 2026

Работниците до владата на Мицкоски: Нашата борба продолжува!

ВЕСТИ January 28, 2026

Работниците побараа до крајот на идната недела пратениците да изгласаат зголемување на минималната плата. Пред…

ССМ протест – Пешевски: Генерален штрајк во приватен сектор за првпат во историја на Македонија! Не сме роботи, храниме фамилии!

January 28, 2026

Скопје: СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците

January 28, 2026

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати

January 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.