Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд ја одби жалбата на Софија Лаличиќ, судијка на Основен кривичен суд Скопје, за нејзино разрешување од функција, информира Врховниот суд.
– Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд расправаше по жалбата на Софија Лаличиќ, судија на Основен кривичен суд Скопје, за нејзино разрешување од вршење на судиската функција. Жалбата е одбиена како неоснована, со што се потврдува решението на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 19 март 2021 година, се додава во соопштението.