Врховниот суд ни денеска не донесе одлука за тоа дали „бомбите“ може да бидат доказ на суд и дали Јавното обвинителство на Република Македонија може да поднесува барање за заштита на законитоста за предмети на Специјалното јавно обвинителство.
На седницата се разгледуваат предлозите на претседателот на судот, Јово Вангеловски, кој тврди дека прислушуваните материјали не можат да бидат користени во доказната постапка. Втората точка околу притворот на бизнисменот Сеад Кочан, пак ја поднесе државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Кочан е осомничен во еден од случаите на СЈО.
Од Врховен не ги соопштија причините поради прекин на седницата, само наведуваат дека рефератите на претседателот Јово Вангеловски и утре ќе се разгледуваат од страна на врховните судии.
Ново продолжение на седницата е закажано за утре во 9 и 30 часот.