Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вртев ексклузивно за НоваТВ: Како што на растението му треба зреење, така и на Северна Македонија и треба зрелост во услови на глобален ветер кој дува од запад кон исток

0
By Mirjana on September 8, 2021 КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За значењето на 8 септември -Денот на Независноста , за пресвртот на општествен но и на уметнички план што беше неминовен на почетокот на деведесеттите години , поразговаравме со Ристо Вртев – музичар кој својата кариера ја почна во осумдесетите години како композитор ,текстописец и вокалист на музичката група „Архангел“ како еден  од главните личности во уметничкото движење ,,Македонска стрељба“ а го паметиме и како еден од првите членови на групата ,,Мизар“ но и како творец на бендот „ Инола X“. Во оваа осмосептемвриска вечер, Вртев ни одговори на дел од прашањата на НоваТВ, зашто имаше ангажман на церемонијалната свеченост пред Собранието за Денот на Републиката. Вториот дел од интервјуто го најави за наскоро..

НоваТВ: Вртев, интервјуто со вас го реализираме во предвечерието на големиот празник 8 септември, денот на кој мнозинството граѓани пред точно три децении се изјаснија за самостојна држава. Како гледате на тие моменти во кои Вие, прво како „Мизар“ а потоа како „Архангел“ бевте авангарда на музички и уметнички план во тие мигови на повторното раѓање на Татковината. Кои емоции преовладуваа тогаш на преминот од осумдесетите кон деведесетите години? 

-Сеќавањето на времето поминато со Мизар ми е навистина романтично. Тогаш имав 22 години и веќе една година бев музички  новинар во Студентски збор со идеја она  што го чувствував како уметнички порив наместо да го пишувам, да го реализирам како пракса. Кога Горазд Чаповски ме замоли да му помогнам  својот бенд да го приклучи кон најсовремените текови на светската музичка сцена, ентузијастички се прифатив на задачата и во рок од неколку месеци направив концепт и репертоар од десетина песни кои се практично првиот албум на Архангел. Зборувам за времето непосредно по смртта на Јосип Броз каде што духот на 68 – та се префрли на новите генерации. Помеѓу Мизар и Архангел, врз основа на две мои снимки реализирани со помош на Кокан Димушевски, веќе бивш член на Леб и сол, со мои лични средства снимени во студиото М2 на Македонското радио, одбрани меѓу десетте најдобри демо снимки на југословенско ниво, добив покана да учествувам на меѓународниот саем на музика (МЕСАМ) кој се одржа во Белград.Така настана Инола Х, бенд со кој имав намера да го прилагодам своето творештво на тогашната актуелна југословенска музичка сцена.

НоваТВ: Ова ве прашувам зашто неминовно е општествените случувања, неизвесности и предизвици да се одразат во делата на уметниците. Какво беше творењето тогаш. Дали воопшто можевте да творите. Дали и колку ве инспирираа настаните од тој период , за делата што се појавија со печатот на Ристо Вртев како патешествие со „Архангел“ ?

 -Тоа се случуваше половина година пред моето заминување на отслужување на воениот рок. По враќањето од ЈНА немав никаква идеја за продолжување на мојата музичка кариера, логично се наметнаа егзистенцијалните прашања и во таа смисла се посветив на моето враќање на студии. Едноставно кажано, да се откажам од музиката. Но, во моето опкржување постоеа две личности чие име не би го споменувал во оваа прилика, а кои пресудно влијаеа да се откажам од идеата да ја напуштам музиката и воопшто творештвото. Тоа е времето за кое зборуваме. Раната есен 88-та во мојата детска соба  се случи Архангел, првин како дует во состав: јас, Дејан Аргировски, ритам машина, микрофонот пред мене и моето домашно студио со кое ги реализирав првите снимки на Архангел. Така почнав се од почеток, потпирајќи се на песните од времето на Мизар.  Архангел се случува во време кога наводно решеното национално прашање во рамките на СФРЈ почна да го покажува токму спротивното. Републичките политички елити го повампирија национал романтизмот и историските прашања и долгови кои водеа кон крвавата дисолуција на заедничката држава. Интимно како  го доживеав тоа – ете нема повеќе Јадранско море кое го сметав за свое и кое ми беше извор на животна радост, ниту мојот Белград кој го сметав за попривлечно место за живење и од Њујорк и од Париз и од Лондон.

НоваТВ:Три децении потоа, како ја доживувате сега Република Северна Македонија, а и вашата музичка траекторија на македонската сцена. Што би и посакале за јубилејниот роденден на нашата татковина?

-Кога под притисок го променивме името нешто ме боцна во срцето. Но, помислив на моите два сина, во каков свет тие ќе живеат. Сите сме свесни дека цивилизацијата ја движи Западот и дека повеќе не сме дел од неврзаниот свет и уште помалку сме меѓународно валиден политички субјект. Сето тоа ми го намали интензитетот на мојот патриотски импулс  и ме насочи кон разумно размислување во врска со овој проблем. Дали е Горна или Долна, Пиринска или Егејска, можеби Вардарска и понатаму секој по сопствена желба, ми се чинеше безначајно во однос на придобивките кои можеме да ги имаме доколку се обединиме во правец на поврзување со цивлизираниот и демократски свет. Ете тоа е за мене патриотизам, ете тоа е да им мислиш добро и на државата и на луѓето кои живеат во неа. Со еден збор, граѓани на Македонија – граѓани на Светот. Во базата ги имаме корените, нашата култуна историја, народните носии, ората, начинот на кои ги воспитуваме децата и така натаму. Врз основа на тоа е креиран нашиот идентитет како посебен етнос. Но доколку како слепци се држиме до корените, дрвото нема да ни порасне, нема да разлиста, а уште помалку ќе даде плодови.  Како што на растението му треба зреење, сонце и вода, така и на Северна Македонија и треба зрелост во услови на глобален ветер кој дува од запад кон исток. Оние што мислат дека ќе го закочат историското тркало можеме да ги означиме како носители на идеи кои се на ѓубриштето на историјата.

Мирјана Трпческа

 

 

 

 

Вртев интервју
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.