Каролина Возњацки е шестата тенисерка која обезбеди место на завршниот Мастерс во Сингапур. Билет за турнирот на најдобрите осум во сезоната претходно осигураа и Гарбиње Мугуруза, Симона Халеп, Каролина Плишкова, Елина Свитолина и Венус Вилијамс.
Данската тенисерка ќе биде дел од настанот во Сингапур благодарение на одбранетата ВТА титула во Токио во седмото финале во 2017 година. Возњацки играше во финале и во Дога, во Дубаи, во Мајами, во Истбурн, во Бастад и на „Роџерс куп“ во Торонто.
Завршниот тениски Мастерс во женска конкуренција во сингл и во дубл ќе се одржи од 22 до 29 ноември. Наградниот фонд на турнирот е околу седум милиони долари.