Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Втор ден штрајк, Синдикатот ја повикува Владата што поскоро да ги зголеми платите

0
By НОВА ТВ Balaban on June 23, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 23, 2022 11:30

Димовски ја повика Владата да се реши проблемот, преку амандман со ребалансот на Буџетот или со општиот колективен договор, укажувајќи дека, за разлика од 1. Мај кога им ветиле повисока плата, денеска никој не ги пречекал.

Работникот дојде  по ветеното и своето, порача денеска претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Дарко Димовски, од собирот на членството на ССМ пред зградата на Владата, во рамки на активностите од генералниот штрајк што го спроведуваат во јавниот сектор втор ден со барање за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари и враќање на правото за регрес на годишен одмор.

Димовски ја повика Владата да се реши проблемот, преку амандман со ребалансот на Буџетот или со општиот колективен догвовор, укажувајќи дека, за разлика од 1. Мај кога им ветиле повисока плата, денеска никој не ги пречекал.

– Денеска протестираме пред Владата да побараме поддршка од 21 министер за предлогот на ССМ за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари, но за жал не не пречекаа како за 1-Ви Мај. Тогаш кажаа дека за сите ќе има линеарно зголемување на платите со ребалансот на Буџетот, но денеска ги нема. Затоа јавно апелирам и кажувам работникот си дојде по ветеното, работникот си дојде по своето бидејќи ние немаме друг начин како да издржиме во оваа економска криза. Немаме друг начин како да ја издржиме инфлацијата. Затоа ја повикувам целата Влада, на чело со премиерот, да го решиме проблемот што поскоро, сакаат преку амандман  во Собранието, сакаат со Општиот колективен договор во јавниот сектор, изјави Димовски.

Се штрајкува, посочи Димовски, насекаде, низ цела држава и на сите работни места.

Како што најави, утре ќе протестираат пред Министерството за финансии.

Синдикалците вчера за време на штрајкот поставија 120 празни столчиња пред Парламентот сакајќи да ги потсетат пратениците да го прифатат амандманот со кој се бара во ребалансот на Буџетот да бидат одвоени средства за линеарното зголемување на платите.

Штрајкот ќе се одвива секој ден од 10 до 11 часот, така што вработените во јавниот сектор во тој период ќе го прекинат работниот процес и ќе излезат надвор, а само десет проценти од нив ќе работат онаму каде што е потребно за итни случаи.

Како што изјави Димовски вчера, само во едно претпријатие на почетокот на штрајкот е забележан притисок врз вработените, а ги пофали одредени институции и претпријатија кои веќе почнале да се потпишуваат спогодби за вработените да добијат 2.806 денари од 1 јули.

 

 

Владата Втор ден штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.