НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Второ полувреме на кампањата: „Обновата“ како адут за изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ

0
By Нова ТВ on July 6, 2020 ВЕСТИ
Фото: facebook
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Секоја опозиција го гравира својот лик во предизборен период врз основа на ветувања, забелешки во функционирањето на сфери во општеството и грешки во практицирање на власта на владеачката партија. Со реализирани проекти не може, од проста причина што сите механизми во одреден изминат период биле во раце на ривалот. Таков е случајот и со ВМРО-ДПМНЕ во тековната кампања за предвремените парламентарни избори која од денеска влегува во „второ полувреме“ пред соочувањето со работодавецот (народот) на 15 јули. Под посебно креирани услови, како последица на опасноста од дополнително разгорување на Ковид-19, опозицијата мина низ поголем дел на општини, населби, населени места на средби со граѓани пред кои ја промовира сопствената платформа насловена како „Обнова на Македонија“ во обид за добивање на глас повеќе, за анимирање на неутралните, на неопредените, кога веќе на традиционалното членство и симпатизери се гледа како на сигурен фикс.

Национално предавство и обвинувања за криминал и за корупција на политичкиот ривал се честите нишки што провејуваат во обраќањата на лидерот и шпицен кандидат за премиер на опозицијата, Христијан Мицкоски на граѓанските трибини. Полна е устата со ветувања и на носителите на кандидатските листи за пратеници кои имаат за цел да убедат дека ќе коригираат сè што сметаат дека е, како што велат, руинирано, урнисано.

Обвинувањата за национално предавство се однесуваат на, особено, два момента – потпишаниот Договор од Преспа со Грција и на Договорот за добрососедство и соработка со Бугарија што опозицијата ги смета за штетни по државата и преку нив обвинува за велепредавство. Првиот, сам по себе, беше билет за членство во НАТО и за одлука за почеток на преговори за членство во Европската Унија – две цели што беа дефинирани како национално стратешки по распадот на поранешна Југославија и осамостојувањето на Македонија. Тоа, како што истакнува и Мицкоски, биле цели и заложби и на самата партија низ годините.

И опозициските напади не се однесуваат на последиците што произлегоа од нив (членство во НАТО и одлука за почеток на преговори со ЕУ), туку се спори начинот на кој се постигнаа, особено со јужниот сосед. Па, затоа и честите навраќања на обраќање на Зоран Заев за претходните избори кој во една прилика пред јавноста порача „бидете спокојни, името и Уставот нема да се чепкаат“. Тоа е само дел од „кецовите во ракав“ што смета дека ги има опозицијата со надеж дека ќе допре до избирачите. И, секако, во желба за пресврт во конечниот исход на изборниот резултат како што беше случај во Грција каде СИРИЗА ја плати политичката цена од Преспанскиот договор на сметка на „Неа Демократија“ која во предизборието го напаѓаше за сега, по преземање на тронот, да го почитува и спроведува.

Во една прилика во изминатиот период и самиот Мицкоски истакна дека во случај ВМРО-ДПМНЕ добие двотретинско мнозинство, ќе следува обид за корекции на она што, според опозицијата, е штетно во двата договора по државата. Но, низ досегашниот тек на кампањата не слушнавме што би содржеле тие корекции, на што конкретно се однесуваат и на кој начин би биле реализирани, имајќи предвид дека таков изборен епилог е невозможен, согласно сите досегашни испитувања на јавното мислење, во што веројатно се свесни и власта и опозицијата.

„ВМРО-ДПМНЕ во 2020 година го поддржа Протоколот за влез во НАТО алијансата, а претседателот Христијан Мицкоски тоа го нарече остварување на вековниот стремеж на многу генерации Македонци, акцентирајќи дека борбата продолжува“, пишува во делот историјат на официјалната интернет страница на опозициската партија.

Интеграцијата, пак, во Европската Унија останува цел на ВМРО-ДПМНЕ, како што стои и во шесте стратешки определни за периодот 2020-2024 во програмата „Обнова на Македонија“ која, пак, се базира на четири столба што детално се расчленувани на 324 страници и што се емитуваат во јавноста и на секојдневните средби со граѓани ширум земјата. Првиот се однесува на ефикасна држава и силни институции, вториот на конкурентен приватен сектор, третиот на интегрирана, стабилна и безбедна земја и четвртиот на подобри услови за живот на сите граѓани.

Како основа на обвинувањата за криминал и за корупција на власта, опозицијата го користи случајот „Рекет“ во кој затворски казни добија Бојан Јовановски (9 години), поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева (7 години) и Зоран Милески-Кичеец (3 години).

ВМРО-ДПМНЕ во кампањата, која патем е негативна и со контроверзни ТВ спотови, промовира и шест стратешки определби на партијата за периодот 2020/24. Покрај интегрирање во Европската Унија, тие се однесуават и на зголемување на економскиот раст и раст на вработеноста, пораст на животниот стандард на граѓаните, подобар и поквалитетен живот за секого, бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот и ефикасно спроведување на правото, одржување на добри меѓуетнички односи врз принципи на меѓусебна толеранција и почитување и подеднаков третман на сите пред законот, инвестирање во образование, во иновации и во информатичка технологија, како клучни елементи за креирање на општество базирано на знаење и, конечно, заштита и унапредување на животната средина.

Опозицијата, преку лидерот Мицкоски и носителите на листи во шесте изборни единици, пред граѓаните на овие избори ветува и четири милијарди евра домашни и странски инвестиции, 684 милиони евра субвенции за земјоделците, зголемување на платите за 25 отсто, зголемување на платите во здравството за 20 отсто, но и на пензиите. Опозицијата, исто така, се обврзува на пад на невработеноста под 10 отсто и на крупни проекти во сообраќајната инфраструктура за која ветуваат дека за четири години ќе нема неасфалтиран пат во Македонија. Притоа се споменуваат автопатот Велес – Битола, неколку експресни патишта како Кочани – Штип, Штип – Радовиш, Струмица – бугарска граница, Кавадарци – Прилеп, Битола – грчка граница и Куманово – бугарска граница. Тие заедно со останатите патни правци сочинуваат околу 1.000 километри регионални државни патишта на што се обврзува ВМРО-ДПМНЕ.

„Обновата на Македонија“, според лидерот Мицкоски, освен, како што вели, обнова на инфраструктурата, опфаќа и обнова на економијата, обнова на енергетиката, обнова на културата и образованието, обнова на здравството, итн. како едни од клучни заложби што опозицијата ги презема како обврски доколку ја добие довербата на граѓаните да управува со државното кормило во наредните четири години.

Нова ТВ вчера објави и текст за досегашниот тек на кампањата на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ Избори 2020 кампања Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.