Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, попладнево на прес конференција соопшти дека мандатар за состав на новата влада на Србија е Ана Брнабиќ.
Ана Брнабиќ беше дел од претходната влада, формирана по парламентарните избори во 2016. година, како непартиска личност и ја вршеше функцијата министер за државна управа и локална самоуправа.
Претседателот Вучиќ изјави дека Брнабиќ го известила дека може да обезбеди мнозинство пратеници за избор на владата.
„Ана Брнабиќ е вредна, поседува стручност и лични квалитети и уверен сум дека ќе покаже почитување кон партиите“, изјави Вучиќ.
Брнабиќ ќе биде на чело на 15. по ред влада од 1990 година.
Таа пред пратениците ќе го претстави експозето на 2. јуни, додека новата влада ќе положи заклетва на 22. јуни.