Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ – омилениот балкански политичар на Брисел

0
By Светлана Јовановска on April 27, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската унија топло му ја честиташе изборната победа на премиерот Александар Вучиќ кој, според Федерика Могерини и Јоханес Хан, сега решително ќе ја води Србија во ЕУ.

Српската напредна партија (СНС) на Вучиќ освои речиси 50 отсто од гласовите, а на второ место е коалицијата околу Социјалистичката партија на Србија (СПС), предводена од Ивица Дачиќ со 11 отсто од гласовите. Потоа доаѓа Српската радикална партија (СРП) на Воислав Шешељ со 8 отсто од гласовите.

Според прелиминарниот извештај на ОБСЕ и ОДИХР, изборите во Србија минале мирно. Но, во тој прв извештај боде очи отсуството на зборовите “демократски” и “фер”.

“Изборниот ден беше мирен и добро организиран. Изборите не беа ограничени на изборниот ден и, во врска со изборната кампања, кандидатите без пречки водеа кампања, но има работи што загрижуваат”, пишува ОБСЕ ОДИХР. А загрижувачките работи се пред се функционерите кои ја злоупoтребуваат администрацијата за изборни цели, медиското покривање во корист на власта, тоталната нетранспарентност на финансирањето на партиите и мешањето на партијата и државата.

ЕУ го слуша само тоа што сака да го чуе

На Могерини и на Хан овој извештај им заличе на извештајот за Македонија. И, наместо да ја предупредат Србија дека на овој начин тргнала по македонскиот а не по европскиот пат, тие само срамежливо шепнаа дека препораките на ОБСЕ треба да бидат водич за Србија

За нив е важно што српските гласачи покажале силна поддршка за “стратешката цел за влез во ЕУ”, му порачале на Вучиќ дека пред него стои поголема одговорност и сега ЕУ чека Србија да ги направи ветените реформи во владеењето на правото, економијата и дијалогот со Приштина.

400,223,true,mid8520650.news

Професорот Флоријан Бибер, одличен познавач на балканските политички кујни, за Дојче Веле на српски јазик смета дека ЕУ лошо ги интерпретира изјавите на Вучиќ, не ја следи внатрешната политика на Србија и ги слуша само изјавите кои се наменети токму за ЕУ.

Според Бибер, Вучиќ во Европа го зборува она што Европа сака да го чуе: “Тој делува како да застапува исправни позиции околу прашањата кои ја интересираат Европа. Делува конструктивно за Косово и прави помалку проблеми отколку што правеа претходните власти”, вели Бибер и додава дека од тие причини ЕУ му прогледува низ прсти на Вучиќ за внатрешно-политичките проблеми на земјата. За ЕУ е поважна стабилноста на регионот а не ритамот на реформи.

Идеален профил

Според западните аналитичари, Вучиќ има профил кој му се допаѓа на Западот. Тој реформира, приватизира, тргнат е во намалување на јавниот долг, ги намалува пензиите и платите во јавниот сектор и, изненадувачки, сето тоа не влијае на неговата голема популарност.

Во декември 2015 година Србија отвори две поглавија од преговорите за членство во ЕУ: поглавието 32 за финансиска контрола и 35 преку кое ќе се продлабочуваат односите помеѓу Белград и Приштина.

Според косовската новинарка Ѓерачина Тухина, дијалогот Белград-Приштина ќе продолжи и изборите не донесоа ништо ново:

– Овој дијалог го зацврстува политичкото влијание на Србија во Косово. Во 90те години Србите беа присутни со војска и полиција а сега се политички сé поприсутни и Брисел тоа го поддржува, вели таа и додава дека, според неа, овој дијалог го кочи европскиот пат на Косово наместо да го забрза.

images

Вучиќ, Шешељ и Николиќ во 90те години

За да се финализира членството Србија во ЕУ земјата ќе мора да го признае Косово. Но, Белград и Брисел се водат по балканската поговорка – сé во свое време.

Така Вучиќ, поранешниот следбеник на Војислав Шешељ, во Брисел останува да биде омилениот балкански политичар кој симпатиите на ЕУ ги освои и во мигрантската криза.

Шармерска офанзива

На пример, на самитот на 25 октомври 2015 година помеѓу ЕУ и Балканот, посветен на бегалската криза, Вучиќ «скромно» изјави:

– Ако Хрватска одлучи да прими 2.000 бегалци, тогаш Србија ќе прими 3.000, рече тој во својата шармерска офанзива упатена на европските политичари и јавноста.

Надворешната политика на Вучиќ помалку заличува на еквидистанцата на Киро Глигоров. Србија сака во ЕУ но истовремено не сака да и сврти грб на Русија. Во изјавата по изборите Вучиќ рече дека сака да ги сочува «традиционалните врски со сите пријатели од Истокот».

Тој додаде дека нема да прави никаков компромис со екстремната десница во Европа што исто така е порака упатена кон Европа каде овие радикални движења земаат замав.

На европскиот пат за Србија има повеќе пречки помеѓу кои, освен признавањето на Косово, е и хрватската одлука да ги блокира српските преговори за членство во ЕУ поради воените злосторства и третманот на Хрватите во Србија.

Но, се чини дека Брисел му дава поголема поддршка на Белград отколку на Хрватска иако таа е членка на ЕУ.

Хрватска во последно време ја загрижува ЕУ со националистичките и пронацистички акции и чекори, релативизирањето па дури и поддршката на усташките тези кои официјален Загреб не ги осудува. Од тие причини, еврејската заедница од Хрватска, заедно со хрватските Срби, ја бојкотираа комеморацијата во Јасеновац на 22 април.

Засега европските реакции на случувањата во Хрватска се дискретни. Досега само амбасадорите на повеќе ЕУ земји во Загреб јавно изразија загриженост поради нарушувањето на слободата на печатот.

балкан Вучиќ ЕУ Могерини Србија Хан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.