Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ: Странски сили се мешаат во политиката на Србија

0
By Нова ТВ on August 4, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Српскиот претседател Александар Вучиќ по седницата на Советот за безбедност и потоа по средбата со српскиот патријарх Иринеј изјави дека во изминатите денови е забележано „агентско дејствување од разни центри на моќ“ со што алудира дека нешто „страшно се крчка“ во земјата.

„Ние подобро ќе се подготвуваме, ќе одговараме посериозно и ќе го чуваме мирот и стабилноста, и со нас нема да се шегува целиот свет заради тоа што некој не ги исполнил своите обврски од Бриселскиот договор“, изјави Вучиќ пред новинарите, додавајќи дека „ќе се настојува да се засили преговарачка позоција на Србија.

Српскиот претседател кажа дека на седницата се донесени повеќе важни мерки, одлуки и предлози за Владата и за силите за безбедност, со цел зајакнување на борбената готовност и подготвеност за сите идни предизвици, додавајќи дека некои одлуки не се за јавноста.

Одговарајќи на прашањето за „агентските дејствувања“, Вучиќ рече дека „надлежните српски служби добиле конкретни задачи по ова прашање“.

„Станува збор за различни странски служби, и нашите агенции се занимаваат со оваа работа“, рече тој, додавјќи дека „странските служби се мешале во политичкиот и медиумскиот живот“, доведувајќи ја Србија во положба што сега мора да одговара на трачеви, а не за неспроведувањето на единствената обврска на Приштина – формирањето на Заедницата на српски општини.

На прашањето на новинарите да објасни што е тоа конечно компромисно решение, Вучиќ кажа дека „конечно решение ќе биде тогаш кога ќе биде конечно, но не пред тоа и за тоа ќе говори ако биде можно да се дојде до такво решение. Засега такво решение нема и не го ни имаме добиено. А дали е на повидок? Мислам дека не е. Не сум оптимист за ова“, заклучи Вучиќ.

Александар Вучиќ Србија странски служби
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.