Српскиот претседател Александар Вучиќ, за време на дводневниот престој во Скопје во рамки на меѓународниот Економски форум за соработка во регионот, се сретна и со легендата на Вардар и на Црвена звезда, Дарко Панчев.
Вучиќ од средбата со Панчев објави фотографија на Инстаграм на која напиша „со македонската и југословенска легенда Дарко Панчев. Чест ми е што можев да сретнам голем шампион“.
